Сцена од бајките во Србија: Куќичка изградена на карпа, сокриена среде шума (фото)
- Детали
- четврток, 13 октомври 2022
„Ова е единствената куќичка во Србија, која е изградена на карпа висока 12 метри, сокриена длабоко во густа шума и за неа навистина малку луѓе знаат...“, споделува Стефан Кочиќ од Србија.
Стефан Кочиќ од Србија е вљубеник во природата и постојано бара скриени убавини низ неговата држава.
Тој со своите 18.000 следбеници споделува фотографии од авантурите, а овојпат сподели од една бајковита мала куќичка во Србија, која е изградена на карпа.
Неговата објава гласи:
„Ова е единствената куќичка во Србија, која е изградена на карпа висока 12 метри, сокриена длабоко во густа шума и за неа навистина малку луѓе знаат.
Куќичката ја изградил Мирослав Павловиќ со помош на своите пријатели и мора да признаам дека изгледа несекојдневно.
Куќичката се наоѓа во близина на Бела Паланка, кај селото Ореовац и навистина тешко се наоѓа и се доаѓа до неа. Ги прашавме локалците во Ореовац каде се наоѓа таа позната куќичка во карпа, но тие не беа нешто многу прецизни како најлесно и најбрзо да стигнеме дотаму, па селото го истражувавме добри 2 часа.
Каде точно се наоѓа куќичката не знам и сега најточно, затоа што беше вистинска трка со времето, мракот нè стигнуваше, но и овојпат имавме среќа и ја видовме како ѕирка низ густите дрвја.
Куќичката беше заклучена, но иако беше заклучена, од скалите имаше неверојатен поглед на прекрасната природа, па трудот дефинитивно се исплатеше.“
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм