Најубавата фудбалерка во светот е од Хрватска (фото)
- Детали
- недела, 31 јули 2022
„Уживам кога велат дека сум најубавата и најатрактивна фудбалерка на светот...“ - Синооката, 22-годишна, русокоса убавица е родена во Сплит, игра за репрезентацијата на Хрватска, но и за швајцарскиот фудбалски клуб Grasshopper.
Ана Мариа Марковиќ е 22-годишна девојка од Хрватска која важи за една од најубавите фудбалерки на светот.
Убавата русокоса со светли очи игра за хрватската репрезентација, но и за швајцарскиот фудбалски клуб „Grasshopper“.
На Инстаграм има 844.000 следбеници и иако медиумите ја опишуваат како „секси“, таа вели дека не ѝ се допаѓа овој епитет, но ѝ се допаѓаат општо комплиментите на сметка на изгледот.
За статиите во медиумите каде ја прогласуваат за „најубава фудбалерка на светот“ Ана вели:
„Уживам кога велат дека сум најубавата и најатрактивна фудбалерка на светот, тоа прави да се чувствувам добро“.
Висока е 173 сантиметри, родена е во Сплит, а со задоволство прифаќа и модни ангажмани.
На 12 години со семејството се преселила во Швајцарија и пораснала во Цирих. Почнала да игра фудбал од 14-годишна возраст.
Омилен хрватски фудбалер ѝ е Лука Модриќ.