Браво! Инспиративната Србинка без раце на нова авантура со момчето - на рафтинг на Тара
- Детали
- недела, 24 јули 2022
Oд шах до стрелаштво и миење садови со помош на нозете, Дејана не сопира и оди чекор понатаму – овојпат на рафтинг со саканиот Марко, со кого се неразделни.
Дејана Бачко од Нови Сад е родена без раце, но тоа не ја спречува да го живее животот во полн здив, а во тоа ѝ помага нејзиниот партнер Марко со кого постојано впловуваат во нови авантури.
Овојпат парот се одлучи да појде на рафтинг на Тара, во рафтинг кампот Рајска река, а храбрата Дејана со саканиот и пријателите уживаше во оваа авантура.
„Девојката со крилја“, како што е потпишана на Инстаграм каде има повеќе од 54.000 следбеници, покрај тоа што е спортски првак, успева и да црта, да игра шах и што уште не.
Таа не признава ограничувања и смета дека сѐ е возможно, ако се сака доволно.