Бекамови одмораат во Хрватска – Која е австриската грофица на која ѝ бил подарен луксузниот ресорт на островот Лопуд?
- Детали
- петок, 15 јули 2022
Некогаш бил напуштен и руиниран манастир, а денес е луксузен ресорт каде едно ноќевање чини 1.400 долари. Како австриската грофица ја доби концесијата над манастирот како подарок и денес од него претвори луксузно место каде одмораат славни семејства како Бекамови?
Луксузниот ресорт на островот Лопуд каде престојуваат Бекамови, некогаш бил манастир, а денес е прибежиште за славните и богатите кои сакаат да одморат подалеку од будните очи на фотографите. Но, која е жената што го претворила руинираниот манастир во луксузен хотел?
По посетата на Париз и Венеција, Дејвид и Викторија Бекам деновиве се во Хрватска каде уживаат во одморот на луксузното одморалиште сместено на островот Лопуд, а кое е во сопственост на грофицата Франческа фон Хабсбург.
Островот Лопуд е сместен во Јадранското Море и е на оддалеченост од 9km од Дубровник, а до него може да се стигне со помош на траект или приватно бродче.
Славниот пар деновиве во Хрватска го прослави 11-иот роденден на ќерката Харпер, а засега се обидуваат максимално да ја сочуваат својата приватност и да ги избегнат папараци фотографите.
Според информациите достапни во хрватските медиуми цената во овој ресорт е 1.400 американски долари по вечер, а наемот за 10 лица чини 10.000 долари по вечер, што значи дека Бекамови за овој одмор во Хрватска ќе одвојат мало богатство.