Србинки кои се омажија за светски милионери - една е на листата на најбогати жени на светот
- Детали
- петок, 15 јули 2022
За овие девојки од Србија дефинитивно важи она „добро се омажила“... Денес имаат милиони на сметката, благодарение на успешните сопрузи.
Тие некогаш биле скромни девојки од Србија, а по бракот со навистина успешни мажи на светско ниво се вбројуваат во најбогатите Србинки.
Србинки кои успеаја да освојат светски милионери:
Сандра Мелниченко
Некогашната членка на групата „Моделс“ сега е сопруга на рускиот олигарх Андреј Мелниченко.
Тој на својот 50-ти роденден ѝ го препиша целокупното богатство и сопствеништвото над двете најголеми светски компании за производство на јаглен и ѓубрива и со тоа Сандра се најде на листата на најбогати жени на светот, а богатството ѝ е проценето на 23.8 милијарди долари.
Во тој миг таа стана и најмладата меѓу 10-те најбогати жени на светот и се најде на 8-мото место на листата на „Forbes“.
Ивана Берендика
Уште една членка на групата „Моделс“ се омажи за богат бизнисмен. Таа е во брак со Американецот Томас Јермолук, светски успешен бизнисмен во ИТ сферата и еден од основачите на „Google“.
Ивана пред да се омажи со него се занимаваше и со манекенство, а сега се занимава со моден дизајн, дизајн на накит и рамки за огледала.
Таа вели дека нејзината преселба на Мајами во 2005 година била важен миг за нејзиниот раст и развој.
Јелена Јаковљевиќ бин Драи
Јелена Јаковљевиќ бин Драи е поранешна манекенка и мисица, како и модна дизајнерка. Таа во 1998 година беше прогласена за мис на Југославија, мис фотогеничност и мис интернет и со тоа влезе во историјата со освојувањето на 3 од 5 титули на еден напревар.
Таа се омажи со шеикот Саид бин Драи од Дубаи во 2008 година и имаат 4 деца.
https://www.instagram.com/p/CBQl0VwH-XB/?utm_source=ig_embed&ig_rid=2376be52-7749-4cfa-a24f-e14b9a049fd1
Ивана Божиловиќ
Таа како дете со родителите се преселила во Чикаго, а сега е во брак со Ендрју Фајрстон, правнукот на основачот на светски познатата компанија за производство на гуми.
Во брак се 14 години и имаат 3 деца.
Аника Божиќ
Аника Божиќ од Сремска Митровица со бракот со Јусуф Ал-Сарај го доби прекарот „арапска принцеза“.
Таа работела како модел и новинарка, а сега има свој моден бренд. Живее на релација Каиро – Париз, а често доаѓа и во својата таковина за синот да помине време со роднините.
Маријана Матеус
На само 17 години Маријана ја започнала врската со 17 години постариот Миодраг Костиќ.
Со него доби 3 деца, а по разводот се омажи за германскиот фудбалер Лотар Матеус, а по разводот со него уште го користи неговото презиме.
Живее на релација Белград – Будимпешта – Лондон.
https://www.instagram.com/p/CYifoU9l7Ik/?utm_source=ig_embed&ig_rid=1364951d-07b5-4f95-a460-bafcc0a8e586
С. С. | Црнобело