Вирален твит од Србија: Им се смеете на „патлиџан туристите“? Не, браво за ваквите родители!
- Детали
- понеделник, 11 јули 2022
„Се шегувате на сметка на туристите со торби со патлиџани кои одат на одмор? Всушност, ги исмејувате родителите со слаби примања кои наоѓаат сила да ги одведат на море децата, носејќи намирници од дома, спиејќи во најевтиното сместување? Срам да ви е!“
Кога ќе се каже „патлиџан туристи“ се мисли на луѓето кои со ќеси преполни храна одат на одмор, за таму да поминат што е можно поевтино.
Нив не им е важно луксузното сместување, туку само сакаат да преноќат некаде. Со себе носат тестенини, конзерви, па и овошје и зеленчук затоа што таму им е прескапо и на своите деца сакаат да им ги обезбедат потребните хранливи состојки.
Често на сметка на овие туристи се кажуваат разни шеги и се исмејуваат на секој можен начин. Дури им се порачува кога немаат доволно пари, да си седат дома, а не да одат на море, што е премногу сурово и непотребно.
Но, Милан Јовановиќ од Србија, познат српски онлајн тренер и некогашен успешен спортист, напиша моќна објава на Твитер со која го објаснува ова однесување на некои туристи и посочува дека тие се за пофалба, а не за негативна критика.
Неговиот вирален твит:
„Се шегувате на сметка на туристите со торби со патлиџани кои одат на одмор? Всушност, ги исмејувате родителите со слаби примања кои наоѓаат сила да ги одведат на море децата, носејќи намирници од дома, спиејќи во најевтиното сместување? Срам да ви е! Поддршка за родителите „парадајз (патлиџан)“ туристи.“
https://twitter.com/milan_strongman/status/1546045604266115073?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1546045604266115073%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsrbija%2F3525064-smejete-se-roditeljima-sa-slabim-primanjima-koji-decu-odvedu-na-more-jeste-li-medju-onima-koji-se-rugaju
С. С. | Црнобело