Маша Терзиќ, поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ, е една од најубавите трудници во Србија (фото)
- Детали
- среда, 27 април 2022
Нејзините вљубени фотки со синот на Цеца ги полнеа медиумите, но тој сега е во брак со друга девојка и има дете, а таа е бремена и свршена со фудбалер на Партизан, иако нејзиниот татко е директор на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда.
Маша Терзиќ е една од Србинките за која многу се пишуваше во медиумите поради врската со Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца.
Парот, кој постојано објавуваше заеднички фотографии, одамна се раздели. Вељко се ожени и има дете, а и Маша очекува принова и моментално е една од најубавите трудници во Србија.
Родена е во 1995 година во Белград, а нејзиниот татко Звездан Терзиќ е еден од најуспешните поранешни фудбалери и една од најзначајните личности во овој спорт во Србија.
Тој бил директор на екипата на ОФК Белград, потоа претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија и од 2014 година е генерален директор на ФК Црвена ѕвезда.
Маша е свршена со Саша Лукиќ, млад фудбалер на клубот Партизан, кој е една година помлад од неа. Но, нејзиниот татко вели дека не му пречи што игра за Партизан и дека само му е важно неговата ќерка да е среќна.
Парот планира свадба по породувањето, а приватноста ја чуваат во тајност и не објавуваат заеднички фотографии, како што беше ситуацијата кога Маша беше во врска со Вељко.
Маша има двајца браќа, а интересно е што нејзиниот брат Костадин Терзиќ беше во врска со Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на Цеца и сестра на Вељко.
Фотографии од Маша:
https://www.instagram.com/p/Cc0rpIHslqu/