35-годишен Хрват е еден од најсексапилните натпреварувачи во „Survivor“ (фото)
- Детали
- сабота, 09 април 2022
Сексапилниот русокос Хрват во реалноста е успешен бизнисмен со свои компании и веслач повеќе од 20 години, а во џунглата во Доминиканската Република еден од најатрактивните натпреварувачи... Кој е вашиот фаворит во „Survivor“?
Горан Шпалета (35) од Хрватска, натпреварувач во синиот тим на српско-хрватското реално шоу „Survivor“, е еден од најсексапилните натпреварувачи кои се борат за опстанок среде џунгла во Доминиканската Република.
Роден е во Задар, но живее во Загреб, каде завршил Кинезиолошки факултет.
По магистрирањето отворил своја компанија која се занимава со менторирање на тренери и индивидуални тренинзи и во која моментално работат повеќе од 50 тренери во 12 фитнес центри.
Тој има уште една компанија исто така посветена на здравиот живот, која е фокусирана на работилници и предавања за здрава храна.
Горан повеќе од 20 години се занимава со веслање и учествува на разни натпревари.
Тој вели дека снимањето и камерите се излегување од неговата комфорт зона, а дека најмногу го плаши како ќе се одвиваат неговите проекти додека не е е присутен во Загреб.
Горан се истакна во шоуто како со физичката сила, така и со одмереноста и одличниот пристап во односот со другите натпреварувачи.