Најсексапилната натпреварувачка во „Survivor“ е 25-годишна Србинка (фото)
- Детали
- среда, 06 април 2022
И природна убавина и физичка подготвеност и спортски дух, кој не се задоволува со ништо помалку од победа... Маша Купрешанин е една од најатрактивните натпреварувачки кои перидов живеат и се борат за опстанок во Доминиканската Република.
Маша Купрешанин, родена 1997 година во Белград, е според многумина најсексапилната натпреварувачка во српско-хрватското реално шоу „Survivor“, иако вистинска конкуренција ѝ е новодојдената Јована Томиќ, како и поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ.
Најатрактивните девојки се собрани во црвениот тим, односно тимот составен од Срби. Синиот тим се состои од Хрвати и таму според изгледот се истакнуваат повеќе мажите, иако има и прекрасни девојки.
Во „Survivor“ со израз доаѓаат физичката подготвеност и сила, како и природната убавина, а ова дефинитивно ѝ е силна страна на Маша.
Маша, која по професија е фитнес тренер, дефинитивно е една од најсилните натпреварувачки таму, кога станува збор за жените. Вистинска конкуренција ѝ е само Ника од тимот на сините, која е позната по победничкиот дух.
Студирала во САД, а има 10-годишно искуство со веслање, од кои 5 во универзитетскиот тим во на „California State University“. Има низа медали за крос фит, натпревари во дигање тежина итн.