Северина со синот на Малдиви, откако ја доби битката за старателството: „Те чувам љубов моја мала“ (фото)

По двегодишната голгота и борба за старателство, хрватската пејачка Северина во моментов е на одмор на Малдиви заедно со синот Александар и нејзината добра пријателка, фотографката Соња Дворник.

severina-so-sinot-na-maldivi-otkako-ja-dobi-bitkata-za-staratelstvoto-te-chuvam-ljubov-moja-mala-foto-01.jpg

Северина (49) во изминатите денови сподели неколку фотографии и видео од луксузниот одмор на Малдиви.

Во краткото видео што го објави пред два дена имавме можност за миг да го видиме нејзиниот син Александар и благодарение на иницијалите на велосипедите што се гледаат во еден од кадрите, брзо заклучивме дека станува збор за детето, за чие старателство таа се бореше во изминатите две години.

Малиот Александар две години беше под целосно старателство на неговиот татко, Милан Поповиќ, а минатата 2021-ва година беше донесена одлука тој две недели да поминува со Северина, а две недели со неговиот татко.

severina-so-sinot-na-maldivi-otkako-ja-dobi-bitkata-za-staratelstvoto-te-chuvam-ljubov-moja-mala-foto-03.jpgФото: Инстаграм - Соња Дворник

Таа претходно објави видео на кое се гледа накратко дека нејзиниот син е со неа на рајската дестинација, а денес гордата мајка објави две нови фотографии на кои го прегрнува и напиша:

„Те чувам моја мала љубов. Те слушам додека дишеш и кога не си тука“

Инаку, неодамна синот на Северина и Милан Поповиќ, Александар го прослави својот 9-ти роденден, а по тој повод пејачката сподели фотографија од нејзиниот син додека бил бебе и до неа напиша:

„Поминаа десет година откако за првпат ги видов најубавите очи на светот. И сѐ во овие десет години ми беше лесно, само кога ќе ги погледнев тие очи...“ – напиша таа.

Фотки и видеа од одморот на Северина на Малдиви:

Прочитајте и Северина доби старателство над синот - каде ќе живеат, колку дена ќе биде со неа, а колку со Милан Поповиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
Северина во солзи пред публиката - Не можеше да ја испее песната посветена на синот (видео) „Моја обврска, моја должност беше да станам, да се облечам, да се нашминкам, да ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg