Една од „најпластичните“ Србинки - не може да сопре со операциите за корекција на изгледот (фото)
- Детали
- петок, 28 јануари 2022
Нос, усни, затегнување на лицето, гради се само дел од пластичните операции кои српската ријалити ѕвезда ги има направено на себе. Претерано и невкусно или привлечно?
Ана Корач е родена 1994 година во општината Ивањица во Србија, но бидејќи оваа мала средина не можела да ѝ го понуди животниот стил што го сакала се преселила во Белград.
Таа е ријалити ѕвезда која постојано прави естетски корекции за себе и отворено говори за нив. Градите, носот, подигнување на горната усна, затегнување на лицето за да добие „мачкини“ очи се само дел од работите кои ги има направено на себе.
Ана е позната и по тоа што претерува со Фотошоп на своите фотографии на Инстаграм, каде има повеќе од 446.000 следбеници.
Ана сака да се фали со својот раскошен стил на живот, па од скапи автомобили до патувања, нејзиниот Инстаграм профил е преполн со фотографии од овој тип, а во фокус секогаш се нејзините преголеми гради.
Во неодамнешно гостување во српската емисија „Амиџи Шоу“ таа изјави дека е среќно вљубена, но не го откри идентитетот на партнерот.
Фотографии од Ана Корач: