Цеца се појави на настап во специфичен стајлинг креиран од Македонец (фото)
- Детали
- понеделник, 13 септември 2021
Кога некој има талент, тогаш тоа не минува незабележано... Една од најголемите регионални ѕвезди се појави на концерт во креација од македонски дизајнер. Тој открива каква е Цеца за соработка...
Деновиве Светлана Цеца Ражнатовиќ ја заврши својата летна турнеја, со концерт во Србија.
На овој концерт таа се појави во креација од брендот „JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier“ на македонскиот дизајнер Златко Јовановски.
За соработката со регионалната ѕвезда, Златко вели:
„До соработка дојде поодамна кога нејзината стилистка ме контактираше за да дизајнирам нешто специјално за неа. Јас прашав во кој правец да дизајнирам и ми кажаа дека Цеца ги видела моите креации и ѝ се допаѓа сè што правам и би сакала нешто по моја имагинација.
Со 70% готова креација бев на проба во Белград. Таму ги дефиниравме украсите и деталите.
На пробата владееше многу пријатна атмосфера и одлична соработка. Морам да додадам дека Цеца иако е едно огромно име на Балканот, е многу кул и бескрајно професионална.
Потоа, креацијата ја финиширавме тука во моето ателје, и ѝ ја пративме за Белград.“
Фотки и видеа од настапот на Цеца на која ја носи креацијата на Златко Јовановски: