Српската пејачка Милица Тодоровиќ среде скандал - Свршеникот ѝ беше уапсен по потерница од Интерпол, таа се откажа од него
Според нејзините зборови тој ѝ се додворувал, иако веќе бил во врска со Милица. Тие стапиле во однос, а Тијана дури подоцна од медиумите дознала дека тој е во љубовна врска со пејачката.
Тијана за српските медиуми изјави:
„Да, го познавам тој Марио. Искрено, никогаш не ми спомена дека е во врска, а особено не дека е со Милица.
Не би ја продлабочувала оваа тема, имам попаметна работа, отколку да се занимавам со препродавачи на автомобили и преваранти“.
По целата драма со апсењето на Марио, се огласи и Милица:
„Сакам да кажам дека со овие случувања немам ништо затоа што веќе некое време не сум во љубовен однос.
Жал ми е, но така е. Се случуваат убави и лоши работи во животот, но што да правиме, тоа е животот.
Би била среќна доколку оваа приказна повеќе не се развлекува. Одиме понатаму со насмевки и нови настапи“.
Инаку, Марио е приведен во Белград, откако српската емисија „Папарацо лов“ го открила неговиот идентитет.
По скандалот, Милица споделува на Инстаграм Стори како пее стихови во кои испраќа љубовни пораки од типот: „Ти само правиш ми проблеме, нисам видела на време...“
Милица додека била во врска со Марио наводно добила на подарок луксузен автомобил од 160.000 евра.
фото: Скриншот од емисијата „Папарацо Лов“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





