Ги шетал љубовниците низ Истанбул, на Сораја ѝ купил белегзија од 60.000 евра – Сите афери на Душко Тошиќ
- Детали
- сабота, 21 септември 2024
На Душко Тошиќ низ годините слабост му биле манекенките и водителките, а според некои тврдења и елитните проститутки. Дури и мајката на Јелена јавно тврдела дека фудбалерот е невиден швалер. Кои афери на Душко ги полнеа таблоидите пред да избувне секс аферата на Јелена Карлеуша?
Во своите последни изјави за аферата со фудбалерот Огњен Врањеш, која ѝ го уништи бракот, Јелена Карлеуша рече дека тие онлајн разговори за неа биле начин да му се одмазди на сопругот за неверствата.
Иако, денес многу повеќе се зборува за аферата на Јелена, факт е дека во периодот додека беа во брак Душко Тошиќ многу често наоѓаше место во српските таблоиди заради неговите наводни афери и врски со познати српски манекенки и старлети.
Во 2012-та година, мајката на Јелена, Дивна учествуваше во едно реално шоу, па во разговор со Зорица Марковиќ рече дека некој видовит човек ѝ рекол дека Јелена на крај ќе се омажи за богат Американец, а прокоментира и за тогашниот зет Душко:
„Него Јелена не го интересира! Знаеш, Душко ти е невиден швалер. Ма, ме боли уво, само нека е таа жива и здрава“ – рече таа.
За аферите на Душко се пишуваше на долго и на широко, а Јелена со години се трудеше да покаже дека нивниот брак е стабилен и дека тоа се само празни пишувања во таблоидите.
Но, со текот на времето се покажа дека многу често, гласините се засновани и на вистини.
Во продолжение да се потсетиме на некои од аферите и девојките со кои Душко беше поврзуван низ годините:
Меѓу убавите девојки со кои Душко низ годините беше поврзуван беа манекенките Софија Милошевиќ, Ана Јовановиќ, Владана Раилиќ.
Ана Јовановиќ
Меѓу девојките кои ги поврзуваа со Душко беше и водителката Сања Радиновиќ, која беше поранешна мисица.
Интересно е што овие девојки, експресно ги демантираа гласините во медиумите и тврдеа дека ништо од напишаното не е точно.
Владана Раилиќ
Но, во 2019-та година, додека Јелена имала афера со Огњен, Душко бил зафатен со друга Србинка.
Сораја