Беше „фатен на дело“ со љубовницата, ја убедил сопругата дека му е соработничка – Бурниот љубовен живот на Џенан Лончаревиќ

По 25 години брак се дозна дека се разведува од сопругата. Тогаш беше откриено и дека 15 години живеел со љубовницата, а на секои 15 дена одел во семејната куќа во Пријеполе за да ги види синовите. Како по долги години се дозна дека мистериозниот Џенан Лончаревиќ живеел двоен живот?

go-fatija-so-ljubovnicata-ja-ubedil-soprugata-deka-mu-e-sorabotnichka-burniot-ljuboven-zhivot-na-djenan-loncharevikj-01.jpg

Познатиот српски поп музичар Џенан Лончаревиќ е роден во 1975-та година во Пријеполе во Србија.

Музичката кариера ја започнал по локалните кафулиња и клубови, а во 2006-та година почнал да настапува низ локалите во Белград, каде брзо се прославил како музичар кој прави добра забава.

Вели дека најголемата поддршка ја добил од родителите и од братот. Сепак, мајка му му била најголема поддршка, иако била многу построга од татко му.

go-fatija-so-ljubovnicata-ja-ubedil-soprugata-deka-mu-e-sorabotnichka-burniot-ljuboven-zhivot-na-djenan-loncharevikj-07.jpg

Џенан е образован музичар, кој завршил средно музичко образование во Сараево, а иако прво се интересирал за хармониката, сепак се одлучил да свири гитара.

Денес има голема колекција на гитари и музички инструменти, а често знае да настапува и со првата гитара на којашто впрочем се научил да свири.

Освен што собира инструменти, Џенан е страстен колекционер на олдтајмери, а самиот вели дека и „жените му завидуваат“ на накитот што го носи на себе.

go-fatija-so-ljubovnicata-ja-ubedil-soprugata-deka-mu-e-sorabotnichka-burniot-ljuboven-zhivot-na-djenan-loncharevikj-02.jpg

Џенан долго време го криеше приватниот живот и не сакаше премногу да зборува за себе во јавност.

За него се знаеше дека има сопруга со која е во брак 25 години и дека заедно имаат 2 деца, а на прашањето зошто ја крие приватноста, Џенан одговори:

„Не кријам ништо, само не сакам она што е мое да биде изложено во јавноста.

На оние што ја градат кариерата на таков начин им ја посакувам сета среќа. Не кријам апсолутно ништо, ниту сакам за тоа да се зборува“.

go-fatija-so-ljubovnicata-ja-ubedil-soprugata-deka-mu-e-sorabotnichka-burniot-ljuboven-zhivot-na-djenan-loncharevikj-05.jpg

Само неколку месеци по оваа изјава, во сите балкански медиуми беше објавена веста дека тој се разведува од сопругата по 25 години брак, откако со години наназад се шушкаше дека музичарот има љубовница во чијшто стан преспива кога е во Белград.

Во тие 25 години, речиси никој не ни знаеше како изгледа неговата сопруга, затоа што таа останала во родното Пријеполе, додека тој ја градел својата кариера во Белград и настапувал речиси во сите земји од регионот.

go-fatija-so-ljubovnicata-ja-ubedil-soprugata-deka-mu-e-sorabotnichka-burniot-ljuboven-zhivot-na-djenan-loncharevikj-08.jpg

Според извори блиски до парот, Самира и Џенан се запознале уште додека тој не бил познат, а кога нему почнала да му се движи кариерата по нагорна линија, тие се договориле таа да остане со децата во семејната куќа во Пријеполе, а тој да замине за Белград.

Додека Џенан работел како музичар, Самира работела како записничар во судот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Семејната идила на Фрањо Ласиќ (70) со 32 години помладата сопруга и синот - ова му е четврти брак и... Милена Ласиќ (38) е четврта сопруга на Фрањо - и покрај разликата од 3 децении в...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg