Поради нив се гледаат турските серии - Најубавите актерки од Турција
Туба Бујукустун
Шармантната турска актерка е една од најпопуларните и најуспешните во својата земја.
На македонската публика ѝ е позната од сериите: „Рането срце“, „Љубов од одмазда“ и „Ќерката на амбасадорот“.
Таа има две ќерки близначки од бракот со Онур Саилак, од кого се разведе во 2017 година.
Асли Енвер
Родена е во Лондон, но нејзините родители потекнуваат од Турција, каде што се вратиле кога Асли била дете.
Македонската публика ја знае по серијата „Истнбулската невеста“, во која Асли ја имаше главната улога.
Мерјем Узерли
Мерјем е турска актерка со германско потекло.
Нејзина највпечатлива улога ѝ е улогата на Хурем Султан во серијата „Сулејман Величествениот“.
Приватно најмногу ужива во улогата на мајка.
Денис Бајсал
Денис е една од најталентираните актерки во Турција.
Македонската јавност имаше можност да ја гледа во серијата „Фазилет и нејзините ќерки“.
С. Ш. | Црнобело