Поради нив се гледаат турските серии - Најубавите актерки од Турција
- Детали
- недела, 07 јули 2024
Туба на македонската публика ѝ е позната од сериите: „Рането срце“, „Љубов од одмазда“ и „Ќерката на амбасадорот“. Кои актерки што глумеа во најпопуларните турски серии во Македонија важат за најубави?
Изминативе години турските серии им носат најголема гледаност на македонските телевизии.
Сѐ започна со серијта „1001 ноќ“, а потоа се редеа „Кога лисјата паѓаат“, „Сулејман Величествениот“, па сè до поновите хит серии како „Истанбулската невеста“ и „Сила“.
Приказните за несудена љубов и семејните перипетии ја освоија публиката низ целиот Балкан, но за успехот на сериите влијае уште еден фактор - убавината на актерите и актерките.
Продуцентите и режисерите на турските серии ги одбираат најубавите жени за улогите на несреќните хероини, а ова се дел од нив:
Берѓузар Корел
Скоро секоја приказна за турските серии неизбежно започнува со името на актерката Берѓузар Корел, која огромна популарност стекна со улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“ во која глумеше заедно со нејзиниот сопруг Халит Ергенч.
Џансу Дере
Турската актерка и поранешна Мис на Турција, која ја гледавме во сериите „Сила“, „Езел“ и „Мајка“ е една од најплатените актерки таму.
Фахрије Евџен
Македонската публика ја запозна со улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Фахрије е неколку години во брак со својот колега, еден од најзгодните и најубави турски актери Бурак Озџивит со кој има два сина.
Неслихан Атаѓул
Неслихан глумеше во серијата „Бескрајна љубов“, улога за која дури доби и Еми награда во 2017 година.
Таа има черкеско и белоруско потекло, а во брак е со нејзиниот колега Кадир Догулу.