Слободан е најзгодниот пилот во Србија: Се ожени со стјуардеса, љубовта кон авионите ја наследил од дедо му
- Детали
- четврток, 09 мај 2024
Додека неговите пријатели оделе на забави, тој седел дома и учел. Освен што е згоден, Слободан Јовановиќ од Белград е културен и одлично воспитан. И важи за еден од најубавите пилоти во Србија.
35-годишниот Слободан Јовановиќ од Белград важи за еден од најубавите и најзгодни пилоти во Србија.
Иако тој нема Инстаграм, негови фотографии често објавува сопругата Тамара, која е стрјуардеса (и поранешен модел) и често оди на патувања со сопругот.
А на фотографиите жените не пропуштаат да искоментираат колку е Слободан згоден, а Тамара среќна што има таков сопруг.
Љубовта кон авионите Слободан ја наследил од својот дедо, кој бил авиомеханичар.
Со часови седел и ги слушал приказните за авионите кои дедо му му ги пренесувал со многу љубов.
Не бил ни свесен дека еден ден ќе стане пилот и дека со гордост ќе ја работи оваа професија.
Големата желба да стане пилот го мотивирала секој петок навечер да учи за електричните системи на леталата, наместо да излегува со пријателите.
Имал сон од кој не сакал да отстапи.
Пред да стане пилот, неколку години работел како стјуард во националната авиокомпанија Air Serbia.
Бил и дел од екипажот на првиот лет на компанијата од Белград до Њујорк. Токму ова била најголемата пресвртница во неговиот живот, кога решил дека е време да се запише во школата за пилоти Linx Aviation.
Сепак, тоа било само прв чекор кон остварување на неговата животна цел.
Луѓето кои го запознале го опишуваат како културно момче со одлични манири, што разговорот со непознати лица скоро секогаш го започнува со зборовите „Со сета почит...“.
Од друга страна, ниту неговиот физички изглед не поминува незабележано.
Токму затоа многу девојки, посебно на социјалните мрежи, му ја доделуија титулата „најзгоден српски пилот“.
Своето мускулесто тело Слободан го одржува со редовни тренинзи - интензивно се занимава со кошарка, а вежба и во теретана.
„Здравиот начин на живот најмногу ми помага да закрепнам брзо по напорните летови“, кажа тој во една пригода.
Во јули 2023, Слободан се ожени со својата долгогодишна девојка Тамара.
Таа е стјуардеса, која неколку години работела и како модел.
Со својот сопруг често оди на патувања и заедно летаат до многу прекуокеански дестинации, но и низ градовите во Европа.
Времето таму го користат за да се прошетаат и да уживаат во архитектурата, храната, но и во нивната љубов.
Повеќе фотографии од Слободан:
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук