„Мамо, те сакам“ – Северина доби емотивна порака од синот по повод роденденот
- Детали
- понеделник, 22 април 2024
„Ти си мојата родена мајка“ – ѝ порача синот Александар на Северина, во видеото изработено по повод 52-иот роденден на пејачката. Таа го прослави важниот ден во кругот на најблиските и пријателите, а годинава имаше голема торта во форма на срце.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ во неделата (21.04) го прослави 52-иот роденден. Таа претходно се пожали дека е болна и има стрептокока, но тоа не ја спречи да го прослави важниот ден со најблиските и пријателите.
На Инстаграм Стори се споделени неколку фотки и видеа на кои се гледа дека пејачката важниот ден го прославила во сребрена тоалета, со голема торта во облик на срце, направена од меки бисквити и малини.
Таа на едно од видеата танцува на песна од Лепа Брена, а на својот Инстаграм профил упати емотивна порака до своите следбеници:
„Многу сакам да славам родендени. Без разлика дали се мои или туѓи. За мене да славиш роденден значи да го славиш животот што си го добила како подарок.
Откако ќе го добиеш подарокот имаш три опции.
Можеш во него да уживаш и да го кроиш по свое и да го исполниш својот потенцијал, Божјата дарба и мисија.
Или да го подариш некому да ти го организира, но по негови правила…
Или да го пуштиш водата да го однесе.
Вторите две опции не ми беа драги (иако имало и такви обиди).
Го избрав ова првото, го кројам по свое и живеам во секој ден, без обѕир на околностите и предизвиците што ме запираат, ме влечат за ракав, ме сопнуваат, ги вежбаат способностите и ми ги тестираат нервите.
Ти даваат тестови што мораш да ги решиш, а животот секоја година дава завршна оцена. Во тоа сум одлична.
Престанав да чекам животот да биде лесен, престанав да чекам некој да ме спаси. Се соочив со тешките факти и заради тоа имам неверојатен живот.
Се соочив со тешки факти и заради тоа имам неверојатен живот“ – вели пејачката.
Инаку, освен фотките Северина објави и видео во кое нејзините најблиски ѝ упатија искрени честитки по повод роденденот, а започнува со насмевката на нејзиниот син Александар, кој ѝ вели:
„Ти си мојата родена мајка и си најдобрата мајка на светот. Те сакам многу“.
Освен Александар, во видеото се појавуваат и мајката на Северина, Ана, како и некои од нејзините роднини, но и најблиски пријатели.
Погледнете го во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело