„Изгледа Црногорците го преспале“ – Твитови за земјотресот кој го потресе цел Балкан
- Детали
- четврток, 14 март 2024
Твитерџиите од цел Балкан на социјалните мрежи се шегуваат за силниот земјотрес што изутринава го потресе регионот (од кој за среќа нема штети), на сметка на мрзеливоста на Црногорците, каде што беше епицентарот.
Велат дека сè е добро, ако добро се заврши, па така силниот земјотрес што го почувствува речиси цел Балкан утрово стана предмет на шега на социјалните мрежи.
Има такви што велат дека се уплашени, но и такви што се шегуваат затоа што воопшто и не го почувствувале потресот.
Утрово (14.03) околу 4:06 часот беше почувствуван силен земјотрес, а тлото се тресеше во повеќе балкански земји.
Најсилно беше почувствуван во Црна Гора, каде што беше и епицентарот, а го почувствуваа и жителите на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Албанија и Македонија.
Според изјавата на сеизмологот Срѓан Цековиќ од Заводот за хидрометерологија и сеизмологија во Србија, потресот бил силен и можел да предизвика материјална штета, но засега нема податоци за оштетувања.
Според него, доброто е тоа што епицентарот бил во ненаселено подрачје.
„Најсилно е почувствуван во околината на Билеќе со интензитет од околу 6 степени, а по главниот следувале уште околу 30 потреси“ – вели Цековиќ.
Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, а на социјалните мрежи голем број граѓани раскажуваат и за тоа како се разбудиле и повеќе не можеле да заспијат.
Има и такви што се шегуваат на сопствена сметка заради мрзеливоста на Црногорците, по која се прочуени, па објавија забавни твитови за хорор искуството од изутринава.
Во продолжение некои од најзабавните твитови од регионот:
„Знам дека некаде околу 4 часот имаше земјотрес, се нишаше во станот, но ме мрзеше да станам и да гуглам каде“
https://twitter.com/LicankaIzBanata/status/1768170188694749422
„Изгледа Црногорците го преспаа земјотресот“
https://twitter.com/Marry978/status/1768172715804889495
„Земјотресот ме разбуди, но регистрирав дека ништо не паѓа околу мене и продолжив да спијам“
https://twitter.com/izmisljena_/status/1768159882169958550
„Се кренаа ли овие од Сезмолошкиот завод? Некој нека им јави дека имаше земјотрес, лошо е само тие да не знаат“
https://twitter.com/ShowMeD_Dollars/status/1768144420795220437