Северина гламурозна во бело, Сара Јо со разголено деколте – Ѕвездите на лансирањето на Vogue Adria (фото)
- Детали
- понеделник, 11 март 2024
Викендов во Белград се одржа настан од светски калибар, каде голем број ѕвезди од регионот се собраа по повод лансирањето на култниот магазин Vogue, Адриа издание и се појавија во елегантни, дизајнерски креации со холивудски гламур.
На гала вечерта присуствуваа гости од регионот и светот, кои прво продефилираа и позираа на црвениот тепих, а по коктелот, започна спектакуларниот настан.
Очекувано за таков настан, црвениот тепих на Vogue Adria се претвори во епицентар на модата и стилот, како што пишуваат од магазинот.
Северина се појави во долга, нежна, бела тоалета со пердуви, креација на Mihano Momosa, Тамара Калиниќ во Gucci креација од колекцијата пролет/лето 2024, а Сенида заблеска во златен фустан со реси на Ferragamo.
Погледнете како изгледаа дел од регионалните ѕвезди на лансирањето на Vogue Adria:
Сара Јо
Данијела Димитровска
Тамара Калиниќ
Јелисавета Орашанин Теодосиќ
Северина
Констракта
Teoдора Павловска - Теја Дора
Сенида
М. М. | Црнобело