Потекнува од Македонија, зборува 6 јазици – Факти за Нигар Калфа од „Сулејман Величествениот“
- Детали
- сабота, 02 март 2024
Родена е во Македонија, но има двојно државјанство. На 6 години првпат застанала на театарската сцена како актерка. Факти за Филиз Ахмет, кај нас најпозната по улогата од серијата „Сулејман Величествениот“.
Познатата актерка Филиз Ахмет е родена на 15 април 1981 година во Скопје. Филиз има двојно државјанство - македонско и турско.
Потекнува од актерско семејство: нејзината мајка работи како суфлер, додека нејзиниот дедо, Луфту Сејфулах, бил Македонец со турско потекло, сценски глумец и соосновач на Македонско-турскиот театар.
Театарот е нејзината најголема љубов, а имала само 6 години кога за првпат застанала на штиците што живот значат.
Филиз Ахмет завршила медицинско училиште, а потоа и Академија за ликовни уметности во Скопје во 2003 година.
Зборува 6 јазици: македонски, турски, шведски, англиски, српски и бугарски.
Филиз е една од најбараните актерки во Турција, а нејзиниот пробивен настап се случил во 2007 година, кога се појавила во улогата на Зарифе во серијата „Збогум Румелија“.
Голема популарност стекна со улогата на Нигар Калфа во серијата „Сулејман Величествениот“.
Додека работела на оваа серија, единствено нешто што ѝ недостигало било само семејството.
Никогаш претходно не се одвоила од своите на толку долг период.
Таа улога ја однела до самиот врв на актерската сцена и оттогаш бележи само успеси.
За медиумите има изјавено дека популарноста не ѝ пречи и дека ѝ одговара што публиката ја сака, затоа што тоа го смета за потврда дека добро ја работи својата работа.
Мора да се признае дека и на 42-годишна возраст, Филиз може да се пофали со младолик изглед. Од година во година, изгледа сѐ подобро.
Често експериментира со фризурите и ја имаме видено во различни изданија.
Обожава да патува и секој слободен момент го користи да посети некоја нова дестинација, а тоа се гледа и по фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил.