Северина во Тајланд со познат Хрват, откако ги исплаши фановите со фотки од клиника
- Детали
- понеделник, 15 јануари 2024
Само неколку дена откако на Инстаграм Стори објави фотка на која прима инфузија, Северина откри дека заминала на одмор, а овој пат додека Балканот се смрзнува во зима, таа одлучи да се упати кон Тајланд.
Иако на прв поглед фотките на Северина на кои се гледа дека прима инфузија делуваат застрашувачки, пејачката откри дека примала само витаминска терапија, што е вообичаена пракса за уметниците кои имале доста напорен период или, пак, се подготвуваат за напната агенда во следните денови.
Но, по витаминската терапија, хрватската пејачка се почести со заслужен одмор, па годинава одлучи да се упати кон Тајланд и да ужива во сонце и високи температури, додека Балканот се смрзнува.
„Зима, зима – е па што е, ако е зима не е лав“ – со стиховите на најпознатата зимска детска песничка, Севе ги опиша фотките на кои позира во црн костим за капење.
Инаку, познато е дека пејачката на одмор заминала со Давор Гргин, кој е специјалист за односи со јавност.
Северина и Давор отседнале во хотел со прекрасен базен и поглед, а редовно споделуваат и фотки и видеа од природата со која се сретнале.