Цеца го прослави Свети Никола: Анастасија дојде сама, Вељко пречекува гости како глава на семејството
- Детали
- среда, 20 декември 2023
Цеца го славеше празникот Свети Никола, а откри дека на куќната слава присуствувала и ќерка ѝ Анастасија, а меѓу гостите беа и бројни познати личности. Како изгледаше Свети Никола во домот на семејството Ражнатовиќ?
Голем број познати личности во регионот го слават празникот Свети Никола како куќна слава, а меѓу нив и српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ. Славата во нејзината семејна вила на Дедиње синоќа (19.12) беше топ тема во сите српски медиуми.
Пејачката пред да почнат да доаѓаат гостите излезе и даде изјава за медиумите и откри дека Анастасија сепак успеала да дојде на прославата, но дека ѝ е криво што некои членови на семејството сепак не можеле да присуствуваат.
„Минатата година Крстан не беше на славата. Следната година го очекуваме и Илијан.
Пресреќна сум, жал ми е што Немања не можеше да дојде, но можеби следната година ќе биде во можност.
Ни недостасуваат Анастасија и Немања, но добро, сето тоа оди во прилог на неговата среќа.
Таа вели дека ѝ недостасува мајка ѝ, па потоа сите останати“ – рече таа.
На куќната слава пристигнаа голем број познати личности, роднини, како и родителите на снаата Богдана.
Цеца беше видно вознемирена од едно прашање што новинарите ѝ го поставија, па не можеше да премолчи. Имено, еден од новинарите ја праша дали планира во иднина да му ја отстапи славата на синот Вељко, на што Цеца дрско одговори:
„Вие постојано ми поставувате прашања за наследства, за преземања...
Па слави дечкото. Што значи да преземеш нешто!?
Тоа значи дека јас треба сега да се пензионирам и да седам во некој агол, а Вељко демек преземал...
Не ве разбирам. Тој и сега е домаќин на славата. Тоа е природно, машка глава – славата е негова“.
Во прилог на ова тврдење оди и видеото во кое се гледа како Вељко ги пречекуваше гостите во домот на неговата мајка. Па, тој прв го пречека и владиката Стефан Шариќ, кому му бакна рака пред камерите.
Инаку Цеца во една пригода рече дека од 2011-та година почнала да пости по разговорот со владиката Стефан, кој тогаш бил монах.
Пред тоа постела само во среда и петок, а денес таа и семејството го почитуваат секој пост.
Б. С. Б. | Црнобело