Факти за Андрија Милошевиќ: Продавал весници за да заработи нешто, едвај имал пари за храна
- Детали
- сабота, 16 декември 2023
Се случувало да нема ни за јадење, платата не му била доволна за живот и продавал весници. Сѐ во животот на актерот не одело лесно како што е денес.
Српскиот актер Андрија Милошевиќ денес важи за еден од најдобрите актери на нашите простори, еден од ретките кој во секој момент умее да измами насмевка кај публиката.
Роден е на 6 август 1978 година во Подгорица, а детството го поминал во Никшиќ.
Еден од најтешките моменти од детството му била дијализата на неговата мајка, која потоа имала и трансплантација на бубрезите.
Како тинејџер сонувал да стане познат фудбалер и на четиринаесет години активно играл за ФК „Сутјеска“.
Иако бил вљубен во спортот, сепак се одлучил за глума.
Отишол на приемниот испит на факултет за кој се подготвувал само една вечер и поминал на аудицијата.
Кога имал 16 години, тој станал студент во првата генерација на Факултетот за драмски уметности во Цетиње.
Додека бил студент морал да работи за да може да преживее, па дури и продавал весници.
Се случувало многупати да остане гладен, но како што вели, тоа многу му помогнало во животот бидејќи благодарение на тие ситуации знае подобро да цени одредени работи во животот.
Уште во студентските денови почнал да го гради своето име, а еден период имал премногу претстави и во Белград и во Подгорица, што буквално живеел во воз.
„Додека работев на телевизија, паралелно имав турнеи, играв и по 30 претстави месечно. Патував за Црна Гора во воз.
Во Белград ќе одиграм претстава, ќе одам на воз во 22 часот, ќе стигнам наутро во Подгорица, таму ќе одиграм претстава, па ќе се вртам веднаш со воз во Белград. Живеев во воз една година“, изјави актерот во едно свое интервју.