Јелена Карлеуша ги критикува колешките што користат ботокс: „Како зомби сте, усните ви се згрутчени!“

„Нашите женски јавни личности пред 30-тата година изгледаат како зомби! Со ужасни згрутчени усни од евтиниот силиконски материјал, натечени од ботоксот, со лошо оперирани носови“ – Јелена Карлеуша удри по младите колешки што прават естетски операции и им порача да го негуваат природниот изглед.

jelena-karleusha-gi-kritikuva-koleshkite-shto-koristat-botoks-kako-zombi-ste-usnite-vi-se-zgrutcheni-01.jpg

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно предизвика лавина реакции со нејзина објава на Инстаграм Стори. Овој пат таа ги критикуваше младите жени што користат ботокс и што прават естетски корекции.

jelena-karleusha-gi-kritikuva-koleshkite-shto-koristat-botoks-kako-zombi-ste-usnite-vi-se-zgrutcheni-02.jpg

Јелена важи за личност што секогаш искрено го изнесува сопственото мислење во јавноста, а овој пат рече дека ѝ пречи тоа што младите сѐ почесто користат ботокс и естетски операции.

Иако и самата признала во повеќе пригоди дека направила операции на градите и на усните, таа вели дека ѝ се гади од девојките што во младоста користат ботокс и филери.

„Сметам дека со закон треба да се забрани вбризгување на ботокс во лицето на жените пред 35-тата година.

Се ужасувам од сликите и видео снимките на социјалните мрежи каде на младите девојки од 20-тина години им се вбризгува ботулинумски токсин во младото лице, односно во мускулите на лицето“ – вели Карлеуша.

jelena-karleusha-gi-kritikuva-koleshkite-shto-koristat-botoks-kako-zombi-ste-usnite-vi-se-zgrutcheni-03.jpg

Таа се прашува ако девојките на 20 години почнат со вбризгување ботокс, како ќе им изгледа лицето на 40 години.

„Негувајте се! Немојте да се пржите во солариум, не јадете мрсна храна, јадете многу овошје и зеленчук, немојте да пушите, заборавете на 10-те кафиња дневно, бришете ја шминката и потхранувајте ја својата кожа со постојано хидрирање! Консумирајте многу вода! Спијте! Користете добри квалитетни кремови!

Земајте витамински суплементи. Каков ботокс? Дали гледате како изгледаат нашите женски јавни личности пред 30-тата година? Како зомби!

Со ужасни згрутчени усни од евтиниот силиконски материјал, натечени од ботоксот, со лошо оперирани носови, што им го отежнуваат дишењето и со ‘замрзнати’ лица од разни филери и ботокси!“ – вели Јелена во својата објава.

jelena-karleusha-gi-kritikuva-koleshkite-shto-koristat-botoks-kako-zombi-ste-usnite-vi-se-zgrutcheni-05_copy.jpg

Очекувано, оваа објава на Карлеуша предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека пејачката е контрадикторна.

Таа во мај годинава изјави дека со лекарите има направено детален план, како и во наредните 20 години да изгледа исто како и во моментот и да не се промени.

jelena-karleusha-gi-kritikuva-koleshkite-shto-koristat-botoks-kako-zombi-ste-usnite-vi-se-zgrutcheni-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg