Александра Пријовиќ го изнесе синот на бина, па едвај ги скри солзите - Ретко појавување на внукот на Лепа Брена во јавност (видео)

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ долго време го криеја синот Александар од јавноста, а публиката во Сараево имаше можност да го види момчето откако се качи на бината за време на концертот на мајка му. „Сине, ти благодарам што излезе иако се срамиш и се плашиш“ – му порача таа на синот со солзи во очите.

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-sonce-moe-fala-ti-shto-izleze-znam-deka-se-plashish-01_copy.jpg

По настапите во Белград и во Загреб, Александра Пријовиќ имаше свој настап и во Сараево, а она што го направи овој концерт сосема поразличен од останатите е тоа што пејачката на сцената одлучи да го викне синот Александар на бината.

Александра успеа да наполни 3 Арени во Белград и 3 во Загреб, а потоа имаше и концерт во Сараево. Но, пејачката која е сопруга на посинокот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ овојпат одлучи да ѝ приреди изненадување на публиката и да им овозможи одблиску да го видат нејзиниот син Александар.

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-sonce-moe-fala-ti-shto-izleze-znam-deka-se-plashish-02.jpg

Видеото на кое се гледа како Александра го викна на бина нејзиниот син Александар (4) масовно се прошири на социјалните мрежи.

Пред самиот крај на концертот сараевската публика беше сведок на еден од најемотивните моменти во кариерата на Александра:

„Само сакам да знаете дека сум ви благодарна до небото што ја слушате мојата музика и што го сакате она што го работам. Сакам да му се заблагодарам и на мојот Филип, без кого ништо не би било вака... И да му се заблагодарам на моето семејство и на мојот син Аки:

‘Сонце мое најубаво на светот, сакаш да дојдеш кај мама? Сакаш?’“ – го праша Александра момчето, а кога тој се качи на бината тие двајца заедно ѝ се заблагодарија на публиката.

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-sonce-moe-fala-ti-shto-izleze-znam-deka-se-plashish-03_copy.jpg

„Ќе им кажеме дека ги сакаме и ќе им пратиме бакнеж? Ти благодарам што излезе затоа што ми рече дека се плашиш и се срамиш“ – му рече Александра на синот со солзи во очите.

Инаку, Александра го доби синот Александар од бракот со Филип Живојиновиќ. Тие двајца максимално се трудат да ја зачуваат приватноста на синот па ретко објавуваат негови фотографии на социјалните мрежи.

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-sonce-moe-fala-ti-shto-izleze-znam-deka-se-plashish-04.jpg

Познато е дека малиот Александар ужива да ја следи мајка му на работа, но ова беше првпат тој да се качи на бината и публиката да има можност да го види.

Погледнете го видеото од концертот во Сараево:

Прочитајте и Јавно кажува дека Брена не ѝ е свекрва, се срамела да снима љубовни сцени – Факти за Александра Пријовиќ, снаата на Боба Живојиновиќ

Погледнете неколку фотографии од заедничкиот настап на Александра и Брена:

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-retko-pojavuvanje-na-vnukot-na-lepa-brena-vo-javnost-video-10.jpg

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-retko-pojavuvanje-na-vnukot-na-lepa-brena-vo-javnost-video-09.jpg

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-retko-pojavuvanje-na-vnukot-na-lepa-brena-vo-javnost-video-08.jpg

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-retko-pojavuvanje-na-vnukot-na-lepa-brena-vo-javnost-video-07.jpg

aleksandra-prijovikj-go-iznese-sinot-na-bina-pa-edvaj-gi-skri-solzite-retko-pojavuvanje-na-vnukot-na-lepa-brena-vo-javnost-video-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Марија Шерифовиќ стана мајкa: „Љубовта пристигна во мојот живот“ „Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот“ – нап...
Потег за почит: Жена од Сплит нуди бесплатно сместување за мајка со дете кои немаат пари за летување „Би сакала да се пријави мајка со дете, по можност детето да има година до годин...
Најзгодната заболекарка во Србија: Му беше кума на Новак Ѓоковиќ, учествуваше во реално шоу во САД Таа и нејзиниот поранешен сопруг му беа кумови на свадбата на Новак Ѓоковиќ, а п...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Како изгледаше Александра Пријовиќ на почетокот на кариерата – Призна дека правела естетски корекции „Ништо повеќе нема да коригирам, поправив сѐ што требаше“ – рече во една пригода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg