Необична традиција во Србија: Гробари организираат „Гробаријада“, имаат торта во форма на мртовечки ковчег (фото+видео)

„Работата на гробарите е особено стресна, сериозна и одговорна. Во текот на целата година сме на гробишта и погреби, па еден ден во годината можеме и ние да се опуштиме и да се веселиме“, вели претседателот на Здружението на гробари од Србија за веќе традиционалниот собир познат како „Гробаријада“. Гробарите од Србија, но и од регионот, веќе 12-ти пат го организираат собирот каде што најчудниот детаљ е огромната торта во форма на мртовечки ковчег.

neobichna-tradicija-vo-srbija-grobari-organiziraat-grobarijada-imaat-torta-vo-forma-na-mrtovechki-kovcheg-foto-video-01.jpgфото: Фејсбук

Сопствениците и вработените во погребни служби во Србија имаат навистина необична традиција.

Еднаш годишно, тие организираат настан кој го нарекуваат „Гробаријада“ каде што се дружат, јадат и пијат, но играат и ора.

neobichna-tradicija-vo-srbija-grobari-organiziraat-grobarijada-imaat-torta-vo-forma-na-mrtovechki-kovcheg-foto-video-07.jpg

А, најчудниот детаљ во целата прослава е тортата во форма на мртовечки ковчег.

neobichna-tradicija-vo-srbija-grobari-organiziraat-grobarijada-imaat-torta-vo-forma-na-mrtovechki-kovcheg-foto-video-04.jpg

Овој октомври, тие ја одржаа 12-тата по ред „Гробаријада“ во Петровац, а на прославата имале огромна торта во форма на мртовечки ковчег.

На видеа споделени на социјалните мрежи се гледа и дека „ковчегот“ се отвора, а од него излегува густ бел чад.

Grobarijada 2023.

Posted by Ivana Lisinac Velickovic on Saturday, October 21, 2023

Според претседателот на Здружението на гробари од Србија, годинава присуствувале и колеги од Грција, Босна и Херцеговина, Унгарија и Хрватска, но и од Македонија.

„Работата на гробарите е особено стресна, сериозна и одговорна. Во текот на целата година сме на гробишта и погреби, па еден ден во годината можеме и ние да се опуштиме и да се веселиме.

Не организиравме ’Гробаријада‘ само кога имаше корона, но уште сега е договорено дека следното собирање ќе биде во Крушевац, а собирот во 2025-та ќе биде во Параќин“, изјавил тој за српскиот медиум Telegraf.

Слична изјава дал и за минатогодишната „Гробаријада“:

„Нашата цел е да се запознаеме, да се зближиме, да поразговараме, но и да се опуштиме“.

neobichna-tradicija-vo-srbija-grobari-organiziraat-grobarijada-imaat-torta-vo-forma-na-mrtovechki-kovcheg-foto-video-02.jpg

Според сопственик на една српска погребна служба, овој собир е навистина важен за луѓето од оваа професија.

„Сите имаме исти проблеми, не е лесно секојдневно да се сретнувате со луѓе кои ги изгубиле своите најмили.

Не можете да се дистанцирате до тој степен и да не ја чувствувате нивната болка“, вели тој за Telegraf.

@dejan_toki88

Grobarijada 2023

♬ Maratonci Trče Počasni Krug - Zoran Simjanović

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Факти за Андрија Милошевиќ: Продавал весници за да заработи нешто, едвај имал пари за храна Се случувало да нема ни за јадење, платата не му била доволна за живот и продава...
Први фотки од Касандра во Белград - По 27 години се врати на Балканот, потрошиле 30.000 евра за нејз... Голем број новинари и фанови се собраа синоќа на аеродромот во Белград да ја пре...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...
Убава и префинета - Која е Озгу Каја, актерката што игра во турската серија „Три сестри“? Нејзиниот живот изгледа како од бајките, но зад затворени врати таа е само една ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg