„Сѐ ќе направи за лајк“ – Критики за српска водителка која објави бизарно видео во кое мајка ѝ ја бања на 33 години
- Детали
- среда, 18 октомври 2023
„Понекогаш и големото дете бара да биде мало бебе“ – српската водителка Јелена Димитријевиќ објави видео на кое се гледа како мајка ѝ ја бања, кое беше проследено со низа негативни и погрдни коментари. Како таа им одговори на сите што ја критикуваа?
Српската водителка Јелена Димитријевиќ, објави бизарна видео снимка на Инстаграм на кое се гледа како мајка ѝ сѐ уште ја бања, иако има 33 години. Во видеото водителката е гола, стуткана во кадата, додека мајка ѝ со тушот ѝ ја мие косата.
„За сите мајки, од мене и од мојата мајка. Голема љубов и сила“ – напиша таа во описот на видеото.
Очекувано видеото на Инстаграм доби голем број пофалби, но и критики и зајадливи коментари.
„Не те избањала добро. Не може да те избања така стегната и собрана во купче“;
„Убиј ме, ако разбирам (што сакаш да кажеш)“;
„Веројатно следи некој нов тренд на интернет, сѐ ќе направи за лајк“ – стои во дел од коментарите.
По низата негативни коментари, српската водителка одлучи да им одговори на сите оние што имаа негативни коментари, па напиша:
„Да им објаснам на луѓето на кои не им е јасно зошто мајка ми ме бања – не сакам.
Само сакам да кажам: родителот те бања кога ти тоа не можеш да го направиш затоа што си немоќен и си бебе, а кога родителот ќе остари ти го бањаш него и така би требало да биде.
Во меѓувреме, понекогаш и големото дете бара да биде мало бебе – негувано. Пораката е следна: џабе се бањаме, ако одвнатре смрдиме“.
Погледнете го видеото:
Во еден од коментарите таа нагласи дека добила и прашање зошто тоа го прави јавно, на што таа одговори:
„Е па ни се може. И мене и на мајка ми“.
Што мислите вие? Дали ова е нормално или бизарно?
Б. С. Б. | Црнобело