Наташа Беквалац дојде со ќерка ѝ, Милица Павловиќ во секси корсет на бината – Како колегите ѝ дадоа поддршка на Карлеуша на концертот?
- Детали
- вторник, 19 септември 2023
Наташа Беквалац, но и голем број млади колеги, како Војаж, Девито и Едита Арадиновиќ, се собраа на големиот концерт на Јелена Карлеуша во Белград и ѝ дадоа поддршка. Јелена направи спектакл што долго ќе се памети, а колегите не ги криеја пофалните зборови за неа.
Јелена Карлеуша по подолго време објави два албуми „Алфа“ и „Омега“, а по тој повод вчеравечер (18.09) одржа бесплатен концерт за своите најверни обожаватели. За секоја песна го промени стајлингот, а публиката можеше да ужива во концерт направен по примерот на големите имиња во музичката индустрија.
Освен големиот број нејзини обожаватели и пријатели, во публиката беа и голем број нејзини колеги коишто дојдоа за да ѝ дадат поддршка, а на црвениот тепих продефилираа во впечатливи модни изданија.
Наташа Беквалац на концертот дојде со ќерката Хана Икодиновиќ и даде кратка изјава за медиумите.
„Очекувам добро да се забавувам. И двата албуми ми се омилени.
Ова не ми е првпат да излезам со ќерка ми, ние две постојано сме заедно. Се радуваме на концертот, немаше да дојдеме да не се радувавме“ – изјави таа.
На сцената заедно со Јелена настапија повеќе млади српски музичари, меѓу кои и Милица Павловиќ и Девито, а Јелена имаше пофални зборови за својата колешка Милица:
„Вистинските пријателства во овој бизнис се многу ретки, луѓето се плеткаат и знаете мене колку пати тоа ми се случило, но има мал број на луѓе што се вистински пријатели. А таа е тоа – Милица Павловиќ“ – изјави пред преполната сала Јелена.
Меѓу помладите колеги коишто дојдоа на концертот на Јелена беше и Михајло Веруовиќ Војаж, кој рече дека многу се почитуваат со Јелена и дека не ја исклучува можноста во иднина да сними нов хит со неа.
Изјава даде и Едита Арадановиќ, која беше на раб да се расплаче, на прашањата за расправиите со сестра ѝ Инди, а отворено кажа и што мисли за Јелена Карелуша.
„Суета има сигурно, како и во секоја работа. Тоа е здраво, не е лошо.
Што се однесува до Карлеуша, сѐ е под знак прашалник заради нејзиниот имиџ. Како би изгледало јас да пејам некои од нејзините песни... Тоа не би било уверливо. Таа има став и на интересен начин ја опишала борбата што со години ја води“ – рече таа.
Во публиката беше и поранешната членка на групата Hurricane, Ивана Бум Николиќ која се пофали дека добила и специјален подарок од Јелена.
Б. С. Б. | Црнобело