По гласините за афера со Али Риза и врската со Ибрахим Челикол, Ферхунде ја најде среќата покрај турски бизнисмен – фотки од свадбата
- Детали
- понеделник, 11 септември 2023
Венчаница инспирирана од грчката митологија и маслиново гранче наместо букет... Турската актерка Дениз Чакр се омажи за турски бизнисмен, откако претходно актерот Ибрахим Челикол ја остави затоа што не бил подготвен за брак.
Турската актерка Дениз Чакр (41) на македонската публика ѝ е најпозната по улогата на Ферхунде во турската серија „Кога лисјата паѓаат“, а со години наназад освен со својата актерска кариера привлекува внимание и со својот бурен љубовен живот.
За време на снимањето на серијата „Кога лисјата паѓаат“ во дел до турските медиуми се појавија гласини дека актерката има афера со нејзиниот колега Халил Ергун (77), актерот што ја толкуваше улогата на Али Риза.
Нивните заеднички фотографии честопати беа објавувани во турските медиуми, но младата актерка тврдеше дека тие двајца се само блиски пријатели.
По ова, Дениз привлекуваше внимание и заради врската со актерот Ибрахим Челикол, со кого глумеше заедно во серијата „Ифет“, а со кого раскина во 2015-тата година откако се појавија гласини дека актерот ја изневерил со друга девојка.
Други пак пишуваа дека актерката сакала да се омажи, а актерот сѐ уште не бил подготвен за брак.
По сѐ изгледа на Дениз конечно ѝ се оствари желбата, па по двегодишна врска таа неодамна стапи во брак со нејзиниот партнер Билгехан Бајкал.
Парот стапи во брак во романтична церемонија што се одржа во непосредна близина на Истанбул.