„Таа е поубава од Моника Белучи“ – Како Миодраг Радоњиќ ја фали партнерката со која има еден син?

„Таа не ме освои, туку врз мене фрли некој вид на хипноза. Милица е подобра и поубава од Моника Белучи“ – вели српскиот актер Миодраг Радоњиќ за својата партнерка со која има еден син, но сѐ уште не се венчани во црква.

taa-e-poubava-od-monika-beluchi-kako-miodrag-radonjikj-ja-velichi-partnerkata-so-koja-ima-eden-sin-01.jpg

Српскиот актер Миодраг Радоњиќ (34) на македонската публика ѝ е најпознат по улогата на Бача во хит-серијата „Јужен ветер“, а познато е дека својот приватен живот сака да го чува подалеку од очите на јавноста.

За разлика од ликот што го толкува во серијата Миодраг не е женкар и долго време е верен на својата сопруга Милица, а неа ја покажа во јавноста во март 2020-та година, една година откако веќе беа во врска.

Милица е психолог, па затоа кога објавија дека се заедно, Миодраг се шегуваше со новинарите на нејзина сметка, откако тие го прашаа со што го освоила, па рече:

„Милица е психолог. Таа не ме освои, туку врз мене фрли некој вид на хипноза. Којзнае со што ги учат таму. Најмногу ми се допаѓа тоа што е искрена и емотивна. Таа е прекрасна личност“.

taa-e-poubava-od-monika-beluchi-kako-miodrag-radonjikj-ja-velichi-partnerkata-so-koja-ima-eden-sin-02.jpg

Со прекрасните црни очи и црната коса, српските медиуми знаат да ја споредат Милица со италијанската актерка Моника Белучи, а актерот во една пригода изјави:

„Милица е иста како Моника Белучи. Често се шегувам со неа така што ја споредувам со славната актерка. На луѓето им се фалам дека покрај себе ја имам Моника Белучи. Ма, Милица е подобра и поубава од Моника“ – рече тој.

taa-e-poubava-od-monika-beluchi-kako-miodrag-radonjikj-ja-velichi-partnerkata-so-koja-ima-eden-sin-05.jpg

Во 2020-та година тие двајца го добија синот Сава, а Миодраг во една пригода откри дека тие двајца си биле најголема поддршка.

„Имавме многу тешки ноќи додека Сава беше бебе. Се случуваше по цел ден да не сум дома затоа што сум на снимање, а потоа морам да спијам и не можам да станам во 6 наутро, кога тој ќе почне да пее.

Милица тогаш преземаше сѐ врз себе. Кога сум дома, тогаш јас се грижам за Сава за и таа да може да се наспие“ – рече тој.

taa-e-poubava-od-monika-beluchi-kako-miodrag-radonjikj-ja-velichi-partnerkata-so-koja-ima-eden-sin-09.jpg

Во јануари минатата година тие направија крштевка на синот, а рекоа дека планираат и црковна венчавка, која долго време ја одложуваат.

Погледнете повеќе фотографии од убавата сопруга на Миодраг на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg