„Како те гледа, се вљубил во тебе“ - Фотката на Северина со Џаред Лето од одморот во Сен Тропе стана хит на Инстаграм
- Детали
- вторник, 29 август 2023
„Најдете си некој што ќе ве гледа така како што Џаред ја гледа Севе“ – стои во еден од коментарите до фотката што Северина ја објави, а на која позира заедно со холивудскиот актер Џаред Лето. Пејачката ужива на луксузен одмор на француската ривиера...
Откако пред извесен период одеше од врата на врата и ги молеше родителите на другарите на нејзиниот син Александар да ги пуштат на нејзиниот концерт, хрватската пејачка Северина (51) одмора на Азурниот Брег, во Сен Тропе, а на својот Инстаграм профил редовно споделува фотографии и видеа од луксузниот одмор со пријателките.
Таа во едно од видеата покажа како изгледала и атмосферата во популарниот клуб Le Club 55, каде со пријателките уживала во морска храна и десерти и, секако, шампањ.
Фотографиите на коишто позира во долг плетен фустан, предизвикаа лавина позитивни коментари и комплименти, но најмногу внимание привлече фотката на која таа е заедно со познатиот холивудски актер Џaред Лето (51), кој ја „пие“ со поглед.
„Лето 2023“ – се пошегува Северина во описот до нивната заедничка фотографија.
Дел од нејзините следбеници веднаш коментираа за тоа како славниот актер ја гледа пејачката на фотографијата.
„Најдете си некој што ќе ве гледа така како што Џаред ја гледа Севе“;
„Леле, како те гледа“;
„Па, тој се вљубил“;
„Ниту нему не му е јасно дека сте генерација“;
„Сите бевме вљубени во него, ти ни ги оствари тинејџерските соништа“ – се само некои од коментарите што Севе ги доби до фотката.
Погледнете повеќе фотки од одморот на пејачката во Сен Тропе:
Прочитајте и Направи култ со неговите обожавателки, заведува малолетнички: Скандалозниот живот на Џаред Лето (51)
Б. С. Б. | Црнобело