Глумеше во спот на Тоше Проески, доби син со оженет маж, се сликаше за „Playboy“: Се сеќавате ли на водителката Рада Раденовиќ?
Освен со љубовната афера, водителката привлекуваше внимание и со изгледот.
Во јавноста долго време се коментираа нејзините бујни гради и многу медиуми пишуваа дека Рада ставила силикони.
„Ги поддржувам пластичните операции само ако треба да се направи некаква корекција. Ова се времиња кога се купува сè и кога индустријата за пластична хирургија цвета.
Ова е ера во која императив е физичкото совршенство, а тоа лесно се постигнува и за неколку илјади евра секој може да биде ваков или онаков“ - рече Рада во емисијата „Амиџи шоу“.
Во шоуто таа кажа и дека не размислува да оди на естетска операција.
Рада денес има 44 години и живее далеку од телевизијата и јавноста.
Повремено објавува фотки на својот Инстаграм профил, од кои се гледа дека и во 5-тата деценија изгледа одлично.
Таа сака слободното време да го поминува во друштво на синот и домашните миленици.
Неодамна објави фотка на Инстаграм Стори од летувањето со синот на кое се гледа дека Петар пораснал.
Но, таа и понатаму ретко објавува фотки на социјалните мрежи и барем засега не размислува да се врати на телевизијата.