Ауди награден „црвена точка: клиент на годината,,
Ауди повторно е награден како најсилен бренд во поглед на комуникациски дизајн. Девет „црвена точка“ награди за комуникациски услуги отидоа...
...во рацете на брендот со четири прстени. Иницијаторот на „ црвена точка “ наградите д-р Петар Зец изјави: "Ауди ги комбинира разноликоста и постојано високите дизајнерски стандарди“.
Особено престижната награда во категоријата „црвена точка: најдобар меѓу најдобрите" беше доделена за два исклучителни проекти: Коцка 3 ("Qube 3"), привремена зграда во облик на коцка, која ги отсликува карактеристиките на новиот Ауди Q3 преку спектакуларното просторно искуство. И вториот проект инсталацијата Трка ("Outrace"), каде што Ауди зеде осум роботски раце од своите производни хали и ги постави во средината на Трафалгар сквер во Лондон. Користејќи LED светла, овие роботски раце на небото ги пишува пораките кои посетителите претходно ги имаа испратено преку нивните паметни телефони.
На Ауди ќе му биде врачена наградата за категоријата "клиент на годината" на гала вечерта на „црвена точка,, на 7 октомври во Берлин
Aуди веќе го импресионираше меѓународното жири на неколку наврати во категоријата дизајн во комуникацијата која е воведена во 1993 година, а само во изминатите десет години, дури 58 награди „црвена точка од оваа категорија беа доделени на брендот со четири прстени.
Audi А3 концептот е " Класика на иднината“ за 2011 година
- Студијата на Audi освои „Златен класичен волан“ во категоријата мали компактни автомобили
- Читателите на "Autobild Klassik" со гласање го поставија Audi на првото место пред девет конкуренти
Со победата на изборот "Класика на иднината за 2011 година," концепт студијата Audi А3 е поставена на брзата лента, дури и пред почетокот на сериското производството на Audi А3 хеџбек, седан со четири врати.
По втор пат трговскиот весник ја претстави наградата "Златен класичен волан" според гласовите на читателите. Најголемиот дел, над 27.000 читатели учествуваат во изборот на списанието "Autobild Klassik" и ја избраа студијата на Audi за компактен автомобил со најголем потенцијал да стане вистинска класика во иднина.
Концепт А3 хеџбек седан со четири седишта не само што дава еден преглед кон идниот стил на Audi А3 туку тој ја обединува целата технолошка експертиза на брендот – преку понатамошното оптимизирање на MMI оперативниот систем и информативниот систем за трансмисија. Пет - цилиндричниот турбо мотор со 300 kW (408 КС), седум степениот -S Tronic и quattro погонот на сите тркала обезбедува стимулативна динамика во комбинација со висока ефикасност.
Лимитирана серија од ексклузивниот концепт Audi А8 L W12
- Audi го прикажува луксузниот седан со исклучително опремен ентериер на саемот за автомобили во Франкфурт.
- Кожа од брендот Poltrona Frau и природно дрво со маслинови годови како гравура.
- Ќе бидат произведени само 50 возила, а секое ќе биде идентификувано со сопствен сериски број
На саемот за автомобили во Франкфурт беше претставена изведбата на Audi А8 L W12 која е наменета за вистинските познавачи. Седанот, ќе се продава под етикетата "Audi exclusive concept“ (Audi ексклузивен концепт), која ја означува исклучителната завршна обработка - кожа од престижниот бренд Poltrona Frau и дрво со маслинови годови.
Стандардната верзија на А8, знаменосецот на Audi, веќе е возбудлив пример за бескомпромисно високиот квалитет на изведбата и токму ваквиот карактер на ентериерот ги поттикнува сите сетила. Брендот Ауди со ексклузивниот концепт Audi А8 L W12, го подигнува уживањето на едно ново ниво.
A8 L W12 ексклузивниот концепт на Audi ќе биде произведен во строго ограничена серија, 50 автомобили, секое возило има плочка сериски број. Следејќи ги стапките на Q7, ова е вториот автомобил со етикета “exclusive”. Следуваат уште модели под истата етикета.
Претставен е Audi A5 DTM
На меѓународниот саем во Франкфурт, Audi го претстави својот нов DTM тркачки автомобил наменет за DTM натпреварите. По седум години употреба на каросеријата од А4 како основа за DTM автомобилите, почнувајќи од следната сезона на DTM, Audi ќе се претстави со моделот А5 Coupe.
Кодираното име на следната генерација DTM тркачки автомобили е "R17”.
Новиот модел треба да продолжи со многу успешната традиција, Audi DTM победи на шампионатот четири пати во текот на изминатите седум сезони. А5 DTM користи каросерија во целост изработена од карбон - фибер, додека новата шасија е комбинација од „monocoque“ - карбонски влакна и челични заштитен решетки.
Kонцепт Audi A2
- Многу простор за четири лица во должина од само 3,80 метри
- Matrix сјај динамичен, иновативен и светол внатрешен дизајн
- Моќен електричен погонски систем со агилни перформанси и со голем опсег
На шеесет и четвртиот меѓународен саем за автомобили во Франкфурт, Audi со концептот А2 со електрични мотори, нуди уште еден поглед во иднината на електрична мобилност. Студијата има класичен, премиум стандард со многу простор за четири лица.
Концептoт Audi А2 е само 3,80 метри долг, 1,69 метри широк и висок 1,49 метри, па дури и со овие димензии тоа е моќен, елегантен и спортски автомобил кој е впечатлив. Чистиот изглед е најважен, сите детали се суптилни, но обликуван е да се постигне за силен визуелен ефект. Темното стакло на покривот на белиот автомобил ја менува транспарентноста со притискање на едно копче.
Фаровите ја претставуваат следната фаза на Audi во LED технологија, позната како „Matrix сјај “. LED диодите и микро рефлекторите генерираат висока резолуција и не блескава туку високо сјајна светлина. Нежните дневни светечки влакна во рамка прават високо ефикасни LED модули.
Живеј ја иднината денес!
Денес овде, утре кој знае каде. Живеете во движење, мислите движејќи се! Затоа посакувате возило кое ќе биде во чекор со Вас и Вашите барања за мобилност. Или уште подобро кажано: возило кое е толку добро подготвено за Вас, што само треба да седнете зад управувачот. Audi Q3 е таков автомобил. Моќен и агилен, компактен, а сепак простран внатре, ефикасен и со стил.
Дизајнот на Q3 отсликува форма на теренец, но всушност Q3 е недвосмислено урбано возило. Атлетската силуета со купе линија на кровот го навестува неговиот спортски карактер. Моќната и мускулеста каросерија, доминантната целосна рамка (Singleframe) и долниот пар воздушни решетки го дефинираат неговиот карактер до крај. TFSI® и TDI моторите Ве движат моќно и економично. Со агрегати од 125 до 155 kW и максимални брзини до 230 километри на час вградениот start-stop систем дополнително ја намалува потрошувачката.