Новиот Тигуан - морате повторно да го погледнете!
Скопје, 30 септември 2011 година, на инспиративна локација - Куршумли Ан во Старата Скопска Чаршија во склоп на првото издание на...
...Skopje Design Week 2011 Порше Македонија-генерален застапник за брендовите Фолксваген, Шкода и Ауди, го претстави најновото од гамата Фолксваген: Новиот Тигуан.
Станува збор за втората генерација на овој автомобил која пристигна во Македонија пред неполн месец. ,,Новиот Тигуан е непогрешливо Фолксваген, а сепак е нов и поинаков. Вака изведена комбинација на стил, елеганција, луксуз и способност за совладување непристапен терен досега немаше - рече Владимир Димитровски Бренд Менаџер на Фолксваген - интересно е што современите елементи совршено се вклопени со традиционалните кај кои доминира умешното комбинирање на традицијата и современоста, вниманието кон детали, префинетоста, воспоставувањето на совршена рамнотежа меѓу нагласеноста и одмереноста.
Генералниот директор на Порше Македонија Златко Муцунски пак, уште еднаш истакна дека: ,, Oва е уште еден бест-селер модел кој ќе ве плени со својот експресивен изглед и апсолутен квалитет. Произведен од врвни материјали и со неоспорни перформанси, како и сите останати автомобили, Тигуан ќе го задоволи копнежот за нов енергичен и динамичен партнер за живот во движење и постојана возбуда..
Освен Новиот Тигуан, новина за Порше Македонија е што оваа година се закити со уште две престижни награди: Најдобар работодавач за 2011 година, како и титулата Супербренд за 2011/12 година. Овие награди јасно ја покажуваат прогресивната линија на успешното работење на оваа компанија.
Во присуство на многубројни претставници на седмата сила, огромен број клиенти и љубители на дизајнот и автомобилите забавата продолжи до доцна во ноќта.