Ауди пак се закача со BMW
Ауди Америка лансираше нова рекламна кампања која најверојатно ќе предизвика сличен одговор и од конкуренцијата во премиум сегментот.
Кампањата “Car Carrier” нуди две рекламни видеа во кои сопственик на BMW автомобил забележува камион полн со нови автомобили. Потоа, излегува од сончевиот кров на своето BMW серија 3 и прескокнува на камионот за да влезе во некое Ауди. Разочарано сфаќа дека веќе сите автомобили на камионот се зафатени.
Гласот во рекламата ја објаснува ситуацијата „Сè повеќе луѓе се префрлуваат од BMW-а, Мерцедеси и Лексуси во Ауди, повеќе од било кога.“
Со нетрпение го очекуваме одговорот од BMW, до тогаш уживајте во рекламите на Ауди.