Што возиш? Прада - Хјундаи!
Хјундаи се соедини со Прада за да ја унапреди внатрешноста на последната верзија на Luxury Sedan. Автомобилот треба да се најде на пазарот...
...до крајот на месец мај оваа година. Како што вели производителот на автомобилот ( не само седиштата – воланот и менувачот, рачките..) сè ќе биде обложено со кожата сафијано од која се изработуваат Прадините чанти.
Во духот на Прада ќе се користи темно мат сребрена боја наместо досегашната боја на сребрен хром. Автомобилот ќе има мотор за директно вбризгување бензин за 5 литри.
Ова е прв пат Прада да соработува со било која автомобилска компанија, а ќе учествуваат и во сите маркетиншки активности. Ќе се произведе лимитирана серија од 1.200 примероци – врвна италијанска мода во автомобил.