Новата „опасна“ Honda Civic
-->
За некоја недела во Детроит ќе се отвори најголемиот северноамерикански автомобилски салон, а таму ќе може да ја запознаеме и новата генерација...
...на Honda Civic. Веќе постоечкиот Civic се одликува со дизајн пред своето време, а тоа е насоката која Хонда планира да ја продолжи и кај наследникот.
-->
Ова е скицата за новиот модел – агресивно обликувана предница, со остри фарови и кров налик на купе.
Техничките детали за сега не се познати, но јапонците ги насочиле своите развојни средства во хибридна технологија, па наместо дизел варијанта, би можеле да видиме бензинско – електрична варијанта.
-->
-->