Убавец: Porsche Cayman - R
„Најжешкото“ од Порше оваа година ќе виде Porsche Cayman. Иако се претпоставуваше дека автомобилот ќе го носи името Club Sport, германците...
...едноставно го нарекоа – „R“.
Cayman R е полесен и посилен од стандардниот Cayman. Инженерите во Порше ја отстраниле климатизацијата и аудио системот, т.е. монтирале полесни алуминиумски фелги и вградиле спортски седишта во форма на школка.
Резултатот е 55 килограми полесно возило, а благодарение на 3,4-литрениот шестоцилиндричен боксер, силата пораснала за 10 KS на 325 KS.
Спринт до стотка трае 5 секунди со рачен шестостепен менувач, односно 4,7 секунди со автоматизиран PDK. Максималната брзина е 280 km/h.
Почетокот на продажбата е најавен за февруари 2011-та, а во Германија ова купе ќе чини 69.830 евра со вклучен данок.