Збогум замрзнати стакла

zbogum-zamrznati-stakla-povekjeКога станувате рано наутро во зимските денови, ви се темни кога ќе ги видите замрзнатите прозори на автомобилот. Со тешка мака ги гребете и чистите...

 

...и возите со смрзнати прсти. Сигурно ќе ве израдува најавата за новата технологија која ќе го направи овој ритуал минато.

Во соработка со Институтот за површински технологии Фраунхофнер, Volkswagen групата развива технологија за Low-E coating која оневозможува замрзнување и замаглување на автомобилските стакла.

Наместо греење на стаклата, германците се одлучиле за развој на состав кој од почетокот не допушта формирање ледени кристали до температура од -18 Целзиусови степени. Сржта на иновацијата е тенката оксидна облога која ограничува растурање на топлината и го спречува или одложува замрзнувањето.

zbogum-zamrznati-stakla

Low-E coating“ не може засекогаш да ја спречи кондензацијата и формирањето на мразот, но затоа може значајно да ја намали можноста за негово настанување“ – изјавил директорот на Volkswagen, Томас Дрешер.

За жал, пред да се најде оваа иновација во употреба, научниците ќе мораат да пронајдат начин да ги отстранат ситните недостатоци. Една од нив е оневозможувањето на радиобрановите, заради што мобилните телефони и радиото во внатрешноста на автомобилот губат сигнал.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg