Ако ве чека долг пат: Како да не заспиете од замор додека возите?
Голем број од сообраќајните несреќи се случуваат заради заморот на возачите, кој им ја намалува концентрацијата, вниманието, па дури и прави да заспијат зад воланот.
Оние кои често патуваат, знаат дека возењето може да биде вистински предизвик, посебно на долг пат, кога сте неодморени.
Сепак, многу често се случува возачите да задремат и доколку патот е монотон, а тие се сами и не преземаат ништо бидејќи сметаат дека можат да се контролираат.
Но, токму тогаш се прават најголемите грешки. Затоа, во продолжение прочитајте неколку трикови кои ќе ви помогнат на следното патување да останете будни до крајната точка.
Возете со друштво
Секогаш е подобро да имате некој со вас во автомобилот отколку да возите сами. Но, не е важно само некој да присуствува физички во автомобилот, туку да ве занимава, да разговара со вас без да ви одвлекува внимание, да ве прати додека возите и да ви помага како совозач со сè што е потребно.
Дајте си време за одмор
Никогаш не дозволувајте егото да ве надвладее и да мислите дека можете да се контролирате.
Во моментот кога ќе го помислите тоа, застанете на првото место каде има можност и дремнете 15-20 минути. Понекогаш е доволно и само да седите неколку минути со затворени очи.
Бидете постојано окупирани со нешто
Не дозволувајте да западнете во монотонија додека возите и постојано правете нешто поразлично, но без премногу да се деконцентрирате од возењето.
Отворајте прозор да се промени воздухот, менувајте ја брзината, но не претерувајте, обидувајте се да ги перципирате информациите на патот (знаци, идендификување брендови на автомобили со кои возите).
Залиха на сончоглед и други мали ужинки
Грицкањето сончоглед или бонбони и други мали ужинки може да ве оттргнат од монотонијата на патот, но бидете внимателни додека го правите тоа и немојте да се заборавите од грицкање па да станете невнимателни при возењето.