Како да го подготвите автомобилот за безбеден пат без проблеми?

Во овој период од годината, сите патуваат многу почесто, па добро е да знаете како да го подготвите автомобилот за безбеден пат.

kako-da-go-podgotvite-avtomobilot-za-bezbeden-pat-bez-problemi-01.jpg

Иако можеби повеќето работи ги знаете, сепак добро е да се потсетите и да имате целосна листа со работи кои треба да ги направите.

На пример, пред патување задолжително треба да проверите дали ги имате сите потребни работи во автомобилот.

Не смеете да тргнете на пат ниту без да го однесете возилото на сервис за стручно лице да ви потврди дека сè е во ред.

Во продолжение, неколку совети кои ќе ви помогнат да го подготвите автомобилот за безбедно патување:

Проверете дали ги имате сите потребни елементи во автомобилот

Мора да имате:

  • Сет со клучеви и шрафцигери
  • Кабли, клеми
  • Сет за прва помош , противпожарен апарат
  • Триаголник (трокут)
  • Флуресцентно елече
  • Резервна гума
  • Дизалица
  • Други работи кои сметате дека се потребни

kako-da-go-podgotvite-avtomobilot-za-bezbeden-pat-bez-problemi-02.jpg

Однапред проверка на целиот автомобил

Ако забележите дека автомобилот испушта чудни звуци, чудно работи, или нешто друго невообичаено, задолжително однесете ја на сервис за пред пат да ги средат сите проблеми. Не ги оставајте овие работи за кога ќе се вратите, бидејќи може да си направите поголем проблем за време на патувањето.

kako-da-go-podgotvite-avtomobilot-za-bezbeden-pat-bez-problemi-03.jpg

Проверете ги сите течности

Обрнете внимание нa:

  • Масло за менувач
  • Протекување на масла
  • Антифриз
  • Ниво на масло за мотор
  • Течност за сопирачки
  • Течност за серво волан

kako-da-go-podgotvite-avtomobilot-za-bezbeden-pat-bez-problemi-04.jpg

Состојба на тркалата и гумите

Пред долго патување, обрнете внимание на:

  • Дискови и надворешност и внатрешност на гуми
  • Притисок и пумпање гуми (со оглед на тоа што ќе го наполните автомобилот)
  • Балансирање на тркалата
  • Останати проверки од страна на сервисот

kako-da-go-podgotvite-avtomobilot-za-bezbeden-pat-bez-problemi-05.jpg

Општи совети пред патување

Запомнете дека:

  • Сите потребни документи за автомобилот и упатства треба да бидат на лесно достапно место
  • Кога патувате во странство, мора да ги знаете сите барања на земјата во која патувате (осигурување, зелен картон, меѓународна возачка дозвола, други правила и прописи)
  • Пред тргање, задолжително е возачот да се наспие!

kako-da-go-podgotvite-avtomobilot-za-bezbeden-pat-bez-problemi-06.jpg

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg