Зошто швајцарските железници се најдобри во Европа?
Патувањето со воз во Швајцарија е вистинско уживање. Сите категории на граѓани добиваат соодветен третман.
Швајцарските железници се најдоа на врвот на листата на најдобри железници во Европа, според извештајот The Great Train Comparison Report.
Се испитуваше третманот и условите за сите луѓе кои се возат во возовите, како што се луѓето со посебни потреби, семејствата, велосипедистите, деловните патници, односно колку се задоволени потребите на специфичните групи.
Предност на швајцарските железници е тоа што имаат специјални области за деца, зони за семејства и нивниот багаж, посебни прилагодувања, како повеќе простор за луѓето во инвалидска количка, и асистенција за луѓето со посебни потреби. За нив има и специјален попуст на билетите.
Предвидени се и прилагодувања за луѓето кои патуваат со миленици.
Потоа, храната во возовите се користи одговорно, се внимава на загадувањето на околината, има попусти за тие што ќе имаат своја шолја за пијалак, наместо да бидат послужени во чаша за еднократна употреба, и низа други работи кои ги прават еко пријателски настроени.
С. С. | Црнобело