Зошто е опасно да ги потпирате нозете на шал таблата во автомобилот?

Можеби и вие сте од тие луѓе кои неколку пати во животот решиле да си ги потпрат нозете на шал таблата пред совозачкото седиште и да одморат. Но, ова е прилично лоша и опасна идеја.

Zosto-e-opasno-da-gi-potpirate-nozete-na-shal-tablata-01.jpg

Еве и зошто: Воздушните перничиња при ослободувањето развиваат брзина од 160 до 355 km/h во зависност од моделот. Поради огромниот притисок тие може сериозно да ги оштетат колената, како и другите делови на телото.

Особено опасно е доколку имате сообраќајна несреќа при возењето, додека нозете ви се кренати на шал таблата. Случаи од ваков тип имаат евидентирани повреди како скршени колена, нос, зглобови и раце, како и очни повреди.

Поради неколкуте вакви инциденти, група луѓе решиле да го потврдат наодот со тоа што наместиле кукли во автомобили и симулирале помали и посериозни сообраќајни незгоди.

Резултатите биле запрепастувачки. Практично сите оние кои седеле на совозачкото седиште со нозете кренати на шал таблата завршиле со различни оштетувања на телото и инвалидитети.

Затоа, бидете внимателни и следниот пат кога ќе решите да си ги одморите нозете при долги напорни возења, вратете ја циркулацијата за време на кратка пауза и раздвижување или пак префрлете се на задните седишта со цел да се одморите.

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg