Триглав Осигурување и Мотоцентар со нова услуга на пазарот - Осигурување на гуми
Триглав Осигурување, во соработка со Мотоцентар, овластен увозник и дистрибутер на реномирани брендови на гуми, воведува нова услуга на пазарот, осигурување на гуми. Осигурувањето нуди 24 - часовна асистенција во Македонија и во Европа и обезбедува покритие за трошоци при издишана гума, кражба на гума, вандализам и механички оштетувања на гумите од предмети на патот.
Гумите се важен дел од автомобилот, бидејќи треба да ни обезбедат удобност и сигурност при возењето. Тие треба да имаат карактеристики, кои што ќе се носат со силите кои директно влијаат врз нив при кочење, забрзување, или вртење, притоа прилагодувајќи се на состојбата на патот по кој што се движат. Триглав Осигурување, во соработка со Мотоцентар, воведува нов производ на пазарот, осигурување на гуми, во рамките на кој што клиентите добиваат и 24-часовна асистенција во Македонија и во Европа.
Осигурување на гуми можат да обезбедат правни и физички лица, при купување нови гуми за патничко возило, не потешко од 3,5 тони.
Осигурувањето на гуми ги покрива трошоците за:
- помош на пат, со цел оспособување на оштетената гума на возилото,
- набавка на нова гума,
- демонтажа и монтажа на гумата на тркалото,
- балансирање,
- нов тубелес вентил,
- обезбедување на шлеп служба за возилото и превоз на патниците до најблискиот сервис,
- чување на возилото, во случај кога автомобилскиот сервис е вон работно време.
Во случај кога има потреба за промена, или поправка на гума, клиентите можат да се јават во асистентскиот центар, кој што, зависно од потребата, обезбедува директна асистенција на патот, шлеп служба, или пак ги упатува клиентите во најблискиот овластен сервис за поправка на гуми.
“Веруваме дека развојот на иновативни производи и дополнителни услуги е еден од предусловите за развој на осигурителниот пазар во Р. Македонија, но и за градење на лојалност и задоволство кај клиентите на Триглав Осигурување. Постојано инвестираме во нови решенија, имајќи ги во предвид потребите на пазарот, бидејќи само на тој начин можеме на клиентите да им понудиме вредност, да обезбедиме сѐ што им треба на едно место и да им го подобриме квалитет на живот. Осигурувањето на гуми е производ, којшто за прв пат се нуди на пазарот во Македонија и задоволни сме што партнер во овој проект ни е Мотоцентар, како овластен увозник и дистрибутер на светски реномирани брендови на гуми”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.
Според г. Горан Гроздоски, управител на Мотоцентар доо, овој проект обезбедува сигурност и е додадена вредност за клиентите. “Пред сѐ, да изразам благодарност до Триглав Осигурување, што нѐ поддржа во овој проект, со цел да понудиме еден нов, уникатен производ на нашите потрошувачи. Проектот има цел на клиентите да им овозможи целосна сигурност при возењето и заштита од каква било ситуација на патиштата, што би значело во целост додадена вредност при купувањето пневматици во нашите продажни салони. Сето ова соодејствува со нашата стратешка определба во изминативе 25 години, преку иновации и визија да понудиме комплетни решенија, со цел да им овозможиме на нашите клиенти сигурност и комфорт при возењето”, дополни г. Гроздоски.