Луксузен трајлер од 1.7 милиони долари со сопствена гаража (фото)
Ентериер во силни бои, одлично осветлување и квалитетни материјали, овој трајлер ќе ви понуди комфор како вистински дом.
За поголемиот број од луѓето терминот трајлер не симболизира нешто луксузно. Но, една германска компанија го промени ова откако лансираше ѕвер на тркала од 1.7 милиони долари.
„Performance S“ е најновиот модел на компанијата за луксузни трајлери „Volkner Mobil“. Тој е всушност хотел со 5 ѕвездички, кој можете да го паркирате каде било.
Долг е 12 метри, има двоен кревет, комплетно опремена кујна и прекрасно купатило. Ако сето ова не ви е доволно, луксузното возило има гаража со хидрауличен лифт во која собира сè, од Ферари до Мерцедес.
Па ако сакате да тргнете на отворен пат, а не сте подготвени зад себе да го оставите комфорот на вашиот раскошен дома, како и вашиот омилен автомобил, овој трајлер е совршениот за вашата авантура.
Ова е „Volkner Mobil Performance S“, најлуксузниот трајлер што досега сте го виделе:
С. С. | Црнобело