8 трикови кои ќе ви помогнат да заштедите гориво во автомобилот
Вообичаеното користење на автомобилот честопати повлекува и високи трошоци за бензин. Колку повеќе го користите автомобилот, толку повеќе му е потребно и одржување на истиот.
Сепак, постојат одредени мали трикови кои ќе ви заштедат не само на потрошувачката на горивото, туку и на одржувањето на возилото.
Прочитајте ги следните 8 „финти“ за заштеда на гориво и потрудете се да се придржувате барем кон дел од нив:
Не ја притискајте педалата за гасот до крај
Во сообраќајот честопати ќе видите како страсните возачи тргнуваат нагло со автомобилите. Но, дури и во авто школите, инструкторите објаснуваат дека најмалку гориво се троши со меко забрзување и меко запирање.
Со наглото забрзување автомобилот троши многу енергија, што значи дека се зголемува и потрошувачката на гориво.
Употребувајте темпомат на автопат
Доколку ги следите ограчинувањата на брзината или користите „темпомат“, вашиот автомобил ќе троши многу помалку во споредба со многу брзото возење на отворените делници од автопатот.
За да се избори со отпорот на воздухот, моторот на вашиот автомобил мора да го зголеми бројот на вртежи, а со тоа логично и потрошувачката на горивото.
Извршувајте ги навреме редовните сервиси
Филтерот за масло и моторното масло треба да се менуваат на секои 7.000 километри. Исто така, не заборавајте да ги смените кога е потребно и свеќиците и филтерот за воздух.
За да избегнете непотребни трошоци, сево ова треба да биде заменето на време. Во спротивно, може да дојде до влошување на состојбата на моторот и поправките ќе бидат многу скапи.
Исклучете го клима уредот
Во овој случај, секој од нас решава дали ќе го жртвува комфорот за да заштеди гориво. Со вклучен клима уред потрошувачката на гориво во просек се зголемува за 15%.
Останатите електрични уреди во автомобилот не се толку големи потрошувачи. Но, сепак, доколку го исклучите клима уредот можете во просек да заштедите околу 2 литра бензин на 100 километри.
Рационално размислете која рута ќе ја возите
Планирањето на рутата кога возите на повеќе места низ градот помага да заштедите на гориво особено во зимските месеци. Недоволно загреаниот мотор троши повеќе гориво во првите 8-10 километри.
Обидете се да ги искомбинирате сите ваши обврски во едно возење за да не мора да го загревате одново моторот повеќепати во денот.
Обидете се да не возите кога врне
Покрај тоа што на дожд има поголем број на сообраќајни несреќи, се зголемува и потрошувачката на горивото. Како што на суво, благодарение на отпорот на воздухот, возилото троши повеќе гориво кога нагло забрзувате, исто така возилото троши повеќе гориво заради отпорот на водата на коловозот врз автомобилските гуми.
Редовно проверувајте го воздушниот притисок во гумите
Прво и најважно е дека добро напумпаните гуми овозможуваат оптимална должина на кочење на возилото. Второ по важност е дека ако притисокот во гумите е понизок за само 0,1 атм, тогаш потрошувачката на гориво се зголемува за 2-3%.
Важно е да се осигурате дека притисокот во гумите се совпаѓа со препорачаниот притисок, особено кога темературите се пониски.
Ослободете се од сите непотребни работи во багажникот
Некои возачи имаат навика да носат сé со себе во автомобилите, како неопходни, така и непотребни работи. Подобро е да го ослободите багажникот од целото ѓубре и да ги оставите во него само навистина неопходните работи (резервна гума, дигалка, клучеви).
Колку вашиот автомобил е понатоварен, толку повеќе гориво ќе троши.
(О)Милена | Црнобело