Кој е за MINI Moke?
MINI Moke е автомобил кој е базиран на оригиналниот MINI модел кој е дизајниран од Sir Alec Issignis , а името е склопено од зборчето MINI и...
...архаичниот израз moke кој значи магаре.
Првобитниот дизајн бил прототип на мало и лесно воено возило во стилот на американскиот Jeep, но во помала верзија. Постепено била понудена и “цивилна“ варијанта.
Оригиналниот Moke користел мотор и менувач како и основниот модел на MINI. Помеѓу 1964 и 1968 година се произведени 14.500 парчиња, во Австралија помеѓу 1966 и 1981 година – 26.000, и во Португалија 10.000 (од 1980 до 1993 година), кога е и прекинато производството.
На авто саемот во Детроит е претставен обновениот Moke со 4x4 погон, оживеана легенда на лудите 60-ти години. Автомобилот во моментот е означен како MINI Beachcomber Concept.
Отстранувањето на кровот и вратите уште еднаш го погодило MINI “во сржта“, затоа што новиот Moke изгледа навистина спектакуларно.
Дизајнот до некаде потсетува на Crosdman концептот претставен во Париз 2008 година, но со доволно свежина и иновации.
Уживањето во отворениот автомобил може да го наруши само дождот, но и во тој случај се навлекува отпорна ткаенина. Како трајно решение ќе бидат понудени пластични додатоци кои ќе имитираат кров и врата.
Целиот автомобил е изведен во спортско – авантуристички дух.