Премиум Ауто Зентрум со нов концепт на работење
(16.01.2017) Премиум Ауто Зентрум денес го презентираше новиот концепт на работење. Примарната дејност на Премиум Ауто Зентрум како и досега и понатаму останува продажба и сервисирање на автомобили.
Евидентно е дека нашиот пазар на нови автомобили веќе полни 6 години е сведен на егзистенционален минимум од 4000 автомобили годишно, бројка која ако се подели во просек на брендови застапени во Македонија е просечно 150 автомобили по бренд, а од друга страна тенденцијата на продажба на уботребуваните автомобили континуитет е 21.000 возила годишно и нема индикации за опаѓање. Бројот на продадени употребувани автомобили е околу 7 пати поголем од новите. Логично е да се постави прашањето, која е причината за таква разлика? Доволни се неколку прашања!
- Дали продавачите на употребувани автомобили се 7 пати подобри од продавачите на новите?
- Дали автомобилите се 7 пати подобри од новите?
- Дали условите за продажба и сервисирање се 7 пати подобри од новите?
- Дали инвестицијата во маркетинг и ПР е 7 пати поголема од новите?
Одговорот на сите прашања е ист! НЕ. Но зошто тогаш разликата е таква? Одговорот се крие во желбата и потребата на клиентот, се тежнее кон повеќе, се тежнее кон поголемо. Секој има потреба да постигне повеќе. И тоа е добро. Треба да се има цел.
За жал досега продажбата на употребувани автомобили во најголем број случаи, а постојат исклучоци, е во импровизирани услови, се продава од плац на отворено.
Премиум Ауто Зентрум тука повлекува линија.
Клиентот заслужува повеќе. Време е да се постави нов стандард во мулти бренд автомобилскиот бизнис. За да успееме во остварување на нашата цел овој концепт го поставивме врз 3 критериуми. И тоа:
- Доверба
- Квалитет
- Професионалност
Сето тоа е остварливо со нашата тимска работа и желбата за успех. Менувањето на концептот од досегашното работење е во хетерогеноста на понудата на автомобилски брендови и сервисни услуги. Генезата на работата на ПАЗ беше е останува иста , премиум сегмент автомобили. Разликата е промената на позицијата, наместо принципал во прв план а фирмата импортер во втор, сега првиот ред ќе го завземе главниот фактор, тој кој ја нуди и застапува услугата Премиум Ауто Зентрум, а во понудата ке бидат интегрирани сите брендови кои ние сметаме дека се компатибилни со нашиот концепт.
Инфраструктура на ПАЗ. Продажен салон со површина од 1300м2, сервис со магацин за резервни делови од 1300м2 со капацитет за поправка 12 автомобили истовремено. Хотел за чување на 100 комплети гуми.
Во програмата на автомобили има и нови и употребувани. Употребуваните, 90% се од актуелна серија, редизајнот не се смета, а староста ќе се движи од 1 до 4 години, а според изминати километри постојат 3 категории односно до 50.000 км , од 50 до 100.000 км и од 100 до 150.000км. Секој автомобил поседува сервисна историја, комплетно проверен од добавувачот и повторно проверен во нашиот сервис со контрола во 100 точки. Секој автомобил е подготвен за употреба веднаш. Понудата ќе се движи за почеток со 50 автомобили на лагер и со континуирано дополнување од добавувачи со кои ПАЗ има склучено договор за соработка. Во подготовка е и отворено локално царинско складирање во просторот на групацијата за 45 автомобили. Покрај понудата од лагер клиентот може и да изврши порачка според негови однапред зададени критериуми.
Маркетингот како и досега останува важен фактор и се продолжува со поголем интензитет од досега, и нема да се разликува од досегашниот наш пристап кон медиумите. Нашата присутност ја поставуваме во рамниште на досегашното работење, дигитален маркетинг, ТВ, радио, ООН, социјални мрежи и организирањена ивенти, при што ќе се користи комплетен корпоративен стил на препознатливост на брендот. На веб порталот на ПАЗ секогаш ќе бидат достапни информациите за понудата на автомобили како и за сервисирање.
Премиум Ауто Зентрум подготви за своите клиенти и услови за финансирање. Кредит со банки и лизинг со финасиски куќи со кои и досега имавме успешна соработка.
Како интегрален дел на групација ЕЕС е нашето брокерско друштво ЕОС брокер преку кое ќе се враши осигурување на автомобилите.
Сервисот на ПАЗ ја зголемува својата понуда на услуги постепено. Примарно ја нуди својата услуга како специјализиран сервис и резервни делови за програмата на Ланд Ровер и Јагуар, а понудата за оджување ќе ги интегрира сите автомобилски брендови кои се во нашата програма. Опсегот на услуги е од електро меахнички сервис, компјутерска дијгностика, центрирање и вулканизирање. Во подготовка е е програмата за лојалност на клинетите.
Од скоро во групацијата на ЕЕС, имаме и нова фирма која ќе ги надополнува услугите на ПАЗ а тоа е Bosch Diesel Center.
За своите клинети обезбеден е авто лимарски сервис како интегрален дел уште на еден член на групацијата Електроелемент Скопје, Киа Моторс Македонија, кој е технички подготвен и за материјали како што е алуминиумска легура која е се позастапена во премиум сегментот.
Организационата структура на ПАЗ е поставена за обем на работа од 300 автомобили и е со подготвен и искусен кадар организиран според ИСО 9001 Quality Management System, истиот според потребите и ќе се зголемува.
Накратко Премиум Ауто Зентрум нуди комплетна услуга за своите клинети.
Веруваме дека овој наш пионерски потег ќе даде нова насока во авто бизнисот и ќе добие позитивен одзив од клинетите, бидејќи нивната сатисфакција е наша обврска.
ПРЕМИУМ АУТО ЗЕНТРУМ